Една од главните причини за исчезнувањето на Маите можеби биле водохранилиштата и системите од канали, кои им помогнаа на Индијанците да ги преживеат кратките суши и ја комплицирале ситуацијата при подолги периоди на недостиг на вода, сметаат научниците во напис објавен во весникот Water Resources Research.„Водата влијае на животот на општеството и општеството исто влијае на водата. Достапноста до вода и нејзините резерви одредува колку храна може да се произведе, што за возврат влијае на растот на населението. И обратно – растот на населението може да влијае и внесува измени во природниот ток на водата во природата. На пример, преку изградба на резервоари и водохранилишта“ – раскажува Линда Куил од Техничкиот универзитет на Виена (Австрија).
Цивилизацијата на Маите опстојувала неколку милениуми и остави зад себе бројни „мртви“ градови и споменици на културата на полуостровот Јукатан и одеднаш исчезна од лицето на Земјата околу деветтиот век од нашата ера, кога повеќето градови-држави на Маите биле напуштени од нивните жители. Причините за овој цивилизациски колапс и до денес се предмет на спорови меѓу научниците.
Една од можните причини за распадот на оваа цивилизација може да се сушите предизвикани од климатските промени, но и гужвата во градовите. Сериозни потврди на оваа теорија се откриени во 2012 година за време на ископувањата на територијата на Тикал – еден од најголемите градови на Индијанците, каде научниците откриле сложен систем од водохранилишта и канали кои сведочат за важноста на водата во животот на неговите жители.
Куил и нејзините колегите провериле дали недостатокот на вода всушност бил еден од клучните фактори во исчезнувањето на Маите, па создале компјутерски модел на типичен мајански град од типот на Тикал, во кој живееле меѓу 80 и 100 илјади лица.
Овој модел, според научниците, се состоел од неколку меѓусебно поврзани модели, од кои секој вршел одделни аспекти од животот на градот. Како што се покажало, системот од водохранилишта и резервоари, слични на тикалските, всушност ги спасуваат жителите од непродолжелни суши, но тие „работеле“ само ако водата во нив била во изобилство. Инаку, дури мал недостаток на вода во крајна линија води до уништување на градот.
Од друга страна, водохранилиштата биле не метод за спасение, туку причина за изумирањето на градовите при подолги суши поради комбинација на различни фактори. На пример, водохранилиштата ги кријат дефицитите во обемот на достапната вода, благодарение на што бројноста на населението продолжува да расте неконтролирано откако ќе ја премине линијата на која тоа останува остварливо.
Покрај тоа, водохранилиштата им дозволиле на Индијанците да го задржат својот вообичаен начин на живот.
Како резултат во моментите кога настапува цела серија суши, таквите градови губат многу повеќе луѓе отколку населбите во кои генерално нема резервоари. Ова објаснува зошто сите големи градови на Маите биле напуштени во деветтиот век, кога климатските промени доведоа до серија суши, а помалите села на север преживеале.„Водата влијае на животот на општеството и општеството исто влијае на водата. Достапноста до вода и нејзините резерви одредува колку храна мо