Неодолив вкус: Чоколаден колач со лешници

Комбинација од вкусни бисквити, неодолив крем и глазура за незаборавно уживање.Состојки:
Бисквит:
– 3 јајца
– 150 г шеќер
– 50 мл масло
– 100 мл млеко
– 100 г чоколадо
– 70 г брашно
– 1 прашок за пециво
– 100 г мелени лешници
Крем:
– 400 мл млеко
– 1 пудинг од чоколадо
– 60 г шеќер
– 100 г чоколадо
– 50 мл јако црно кафе
– 250 г маргарин
Глазура:
– 20 г маргарин
– 100 г чоколадо

Подготовка:
1. Јајцата и шеќерот изматете ги во миксер, додадете масло, млеко, стопено чоколадо, брашно помешано со прашок за пециво и лешници. Се добро измешајте, а потоа смесата ставете ја во сад наросен со брашно во големина од 22х36 цм и печете во рерна загреана на 180 степени од 35-40 минути.
2. Прашокот за пудинг помешајте го со 2-4 лажици шеќер. Од 400 мл ладно млеко одземете 6 лажици и добро промешајте ги со смесата за пудинг и шеќерот. Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додадете му разматен прашок за пудинг и мешајте варејќи 1-2 минути.
3. Во топлиот пудинг измешајте го стопеното чоколадо и црното кафе. Излијте го во подлабок сад, покријте со проѕирна фолија и оладете.
4. Маргаринот пенасто изматете го и додадете го во оладениот пудинг. Се добро измешајте и распоредете по оладениот бисквит.
5. За глазура, стопете го маргаринот, тргнете го од оган, измешајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека смесата не се соедини. Колачот добро оладете го, а потоа прелијте со чоколадна глазура.Состојки:
Бисквит:
– 3 јајца
– 150 г шеќер
– 50 мл масло
– 100 мл млеко

Пронајдете не на следниве мрежи: