Повеќе извори од Русија тврдат дека е донесен нов закон, преку кој ќе бидат банирани повеќето уреди на Apple почнувајќи од 2015-та година. Ова е кулминација на војната помеѓу американската компанија и оваа земја…Русија веќе е вмешана во еден скандал со Apple, односно урнувањето на споменикот на Steve Jobs во Санкт Петерсбург поради изјавата на Тим Кук дека е хомосексуалец. Новиот скандал е поврзан со компјутерскиот облак на компанијата, односно iCloud.
Наводно, законот ќе го забрани користењето на сите уреди кои имаат инсталирано iCloud во нив. Причината за ова е тоа што податоците кои се складираат на iCloud не се зачувуваат локално, односно серверите на iCloud се наоѓаат во САД, а не во Русија.
Банот би ги опфатил сите модели на iPhone, iPad и iPod, а најверојатно и новиот Apple Watch. Оние кои веќе ги поседуваат овие уреди исто така ќе мора да престанат да ги користат.
Сеуште очекуваме официјална реакција од Apple.Русија веќе е вмешана во еден скандал со Apple, односно урнувањето на споменикот на Steve Jobs во Санкт Петерсбург поради изјавата на Тим Кук дека