Како што се доближува септември, се зголемуваат информациите околу спецификациите и изгледот на новиот Galaxy Note 4. Се очекува Samsung да го промовира телефонот на 3-ти септември, а дотогаш ќе шпекулираме…Note серијата важи како премиум phablet-и (телефон + таблет) кои ви нудат најмоќни перформанси дополнето со огромен екран. На индијската веб-страна Erafone, која продава мобилни уреди, по грешка се појави новиот Galaxy Note 4 – спремен за купување!
Од спецификациите можеме да видиме дека не очекува 5,7 инчен Super AMOLED екран на допир (идентично како кај претходникот) со QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Постојат две верзии за процесорот – едната е quad-core Snapdragon 805 кој работи на 2,5GHz, додека пак втората е octa-core Exynos 5433 процесор, каде што има четири Cortex-A53 јадра што работат на 1,3GHz и четири Cortex-A57 јадра.
Дознајте повеќе на: gsm.mkNote серијата важи како премиум phablet-и (телефон + таблет) кои ви нудат најмоќни перформанси дополнето со огромен екран. На индијската веб-страна