Скопје, 13 јануари 2015 – Во своето Vip Free+ тарифно портфолио, Вип воведува две нови тарифи Vip Free+ Special и Vip Free+ Special+ кои на корисниците им овозможуваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи во Македонија, 50 СМС пораки кон странство, како и 2GB интернет вклучени во месечната претплата.Со тарифниот модел Vip Free+ Special+ , за 699 денари месечна претплата, корисниците ги добиваат сите придобивки за неограничена комуникација, како и одлична можност да изберат паметен телефон по нивна желба и по привилегирани цени, со претплатнички договор на 24 месеци. Корисниците кои ќе ја одберат новата Vip Free+ Special+ постпејд тарифа до 31 јануари 2015 можат да ја искористат Новогодишната промотивна понуда “Без претплата и рата за телефон се’ до пролет”.
Тарифниот модел Vip Free+ Special е наменет за корисниците кои не сакаат договорни обврски и е достапен како тарифен модел достапен само со СИМ картичка, кој за месечна претплата од 599 денари им нуди на корисниците целосна слобода во комуникацијата.
– Во месецот на изненадувања, Вип воведува две нови тарифи кои со сигурност на корисниците ќе им овозможат слободна и неограничена комуникација по поволни цени, дома или пак со своите пријатели во странство. Овие две нови тарифи кои ги воведуваме во Vip Free+ тарфино портфолио се уште една потврда дека умееме да ги препознаеме потребите и барањата на корисниците и соодветно да одговориме на истите каде и да се. Остануваме посветени на нашето ветување „Повеќе за Вас“ и во 2015 година, а оваа новина е потврда за тоа, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
Повеќе информации корисниците можат да добијат на телефонскиот број 077 1234 или на www.vip.mk.Со тарифниот модел Vip Free+ Special+ , за 699 денари месечна претплата, корисниците ги добиваат сите придобивки за неограничена комуникација, како