НЕПОСРЕДНО ПРЕД МАСАКРОТ: Осомничените снимени на аеродромот во Брисел!

Белгиските медиуми објавија фотографија од двајца мажи, кои се осомничени дека го извршиле бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел.Светските медиуми соопштуваат дека во Брисел во тек е опсежна полициска потера, а се верува дека полицијата ги идентификувала осомничените за нападот.
Серијата експлозии утрово одекнаа на аеродромот и метрото во Брисел, при што во експлозиите во аеродромот загинаа најмалку 14 лица, а 92 се повредени, а во метро-станицата Малебек загинаа најмалку 20 лица и повредени се 106. Странските агенции соопштија дека најмалку една бомба содржела клинци, од кои се повредени 11 лица, од кои тројца се во критична здравствена состојба.  Нивниот доктор соопшти дека стравува за нивното здравје бидејќи раните биле многу длабоки.
За нападот одговорноста ја презеде терористичката група „Исламска држава“.
Засега е потврдено дека бомбаш-самоубиец ги предизвикал двете експлозии на аеродромот Завентем околу 8 часот, а еден час подоцна повеќе експлозии се слушнале во метрото, во станица недалеку од зградата во која се наоѓаат институциите на Европската унија.
Белгиските медиуми наведуваат дека во тек е и евакуација на персоналот на нуклеарната електрана Тиханге, на југот на Белгија, откако, како што наведуваат медиумите, во еден од становите каде се криел Салах Абделсалам осомничен за нападите во Париз, пронашле многу видео-материјал од неговото шпионирање на директорот на електраната.Светските медиуми соопштуваат дека во Брисел во тек е опсежна полициска потера, а се верува дека полицијата ги идентификувала осомничените за напад

Пронајдете не на следниве мрежи: