Противзаконската одлука на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да го поништи системот на кариера во МВР кој функционира со години и да го партизира министерството наиде на осуда на социјалните мрежи.Во коментарите се осудува и исмева одлуката на Спасовски по партиски клуч да унапредува луѓе на позиции на кои не смее да ги унапредува, според законскиот систем на кариера во МВР.
Реагираа неколку пратеници, меѓу кои се Зоран Илиоски, Александар Стојковски, Андон Чибишев, Никола Мицевски и Димитар Стевананџија.
Зоран Илиоски прашува дали Фросина Ременски ќе возврати на услугата од Спасовски да го унапреди нејзиниот сопруг.
Пратеникот Димитар Стевананџија меѓу другото сублимира дека непрофесионалното партизирање на МВР од страна на СДСМ може да резултира со загрозување на безбедноста на државата.
Никола Мицевски претпоставува дека доколку не беше уловен во Фабриката за афери, и соработникот на Заев, Чаушот ќе добиел вработување во МВР.
Андон Чибишев потсетува дека наспроти ветувањето на Спасовски дека ќе бил само коректор на власта, тој на крајот испаднал коректор на неуспесите на својата партија, незаконски унапредувајќи партиски кадри во МВР.
Пратеникот Александар Стојкоски пишува дека единствено добро од целата ситуација е што народот може да се увери на кој начин планира да владее СДСМ – според ветувањето на Заев дека ќе партизираат се, од чистачки до министри.
Реагираше и јавноста. Од многуте коментари го издвојуваме најинтересниот – на познатиот актер Роберт Вељановски.
Професорот Вељановски има сатиричен осврт кон комичноста на постапките на Спасовски споредувајќи го со Наполеон кој сам себеси се крунисал.
Во коментарите се осудува и исмева одлуката на Спасовски по партиски клуч да унапредува луѓе на позиции на кои не смее да ги унапредува, според зак