Непознат маж ЗАВЕЛ девојка преку Фејсбук, а потоа животот ѝ го направил ПЕКОЛ!

Милан Р. ја изневерил Јелена П. од Нови Сад и ѝ украл коверт со 25.000 евра и ја оставил без стан.Останав без ништо.  Во еден момент моите деца и јас го изгубивме кровот над главата. Заедно со Милан со кого планирав да го поминам остатокот од животот, исчезна заедно со  25.840 ева од продадениот ста. Сега буквално немам ништо, поради  човекот кому наивно му поверував  дека му значам“.
Вака ја почнува својата исповед Јелена П. (44) од Нови Сад, која пред околу две години го запознала Милан Р. (43) од Белград,  преку Фејсбук. Едно време се забавувале, а потоа одлучиле и да живеат  заедно. Оваа самохрана мајка на син (22) и ќерка (20) потполно е очајна бидејќи сега засолниште мора да бара кај својот татко, инаку, срцев пациент.
„Неодамна го продадов својот стан , бидејќи Милан и јас планиравме венчавка, па така сакавме поконфорен простор. Му поверував дека има две деца од претходен брак. Кога се зближивме, беше внимателен кон мене, а што е најважно, безрезервно ги прифати моите деца. Ништо не наговестуваше на проблеми“, вели Јелена.
Наведува дека и без него ланирала да купи  поголем стан, дека и  таа и децата би имале повеќе простор. Одлуката за заеднички живот со Милан само го забрзало селењето. Додека тој бил  на Малта, од каде ѝ се јавил Јелена почнала со продажбата на станот.
„Тој се врати кон крајот на   октомври, а во меѓувреме се појави купувач. Ангажирав и  адвокат  за преговори, се беше заверено на нотар и на 15- ти октомври го продадов станот. Заедно одевме да гледаме друг, кој имавме намера да го купиме“.

 
Де подоцна Јелена вели дека останала без 25.840 евра, а до 18-ти октомври, по договор, морала да го предаде станот на новиот сопственик. Додека била на работа, заедно со ковертот во кој биле парите, исчезнал заедно со Милан.  Ги земал и своите пари.
„Две години бевме во врска. Ме привлече со слаткоречивост. Сега ми изгледа чудно зошто немаше фотографија на Фејсбук, но едноставно бев заслепена. Му верував. Многу лошо  минав со поранешниот сопруг, а Милан беше тотална спротивност“, вели Јелена .
Верувајќи дека полицијата ќе го пронајде, и сама тргнала во потрага. стапила во контакт со неговата поранешна сопруга и дознала дека до сега имал три жени и дека е татко на четири деца, а не две, како што велел.
„Таа тврди дека е должен на сите , па и на семејството, и дека сите го бараат поради тоа. Открив дека си една жена од Белград е жртва на Милан. Од неа земал „само“ 2000 евра. Очигледно е дека живее на сметка на жените, мил е и знае како да ги привлече“.
Полицијата во Нови Сад води истрага на основа на кривичната пријава на Јелена поради кражба. На инспекторите ги дала неговите фотографии, а на социјалните мрежи успеала да пронајде два профили на Милан со лажни фотографии.
„Се ќе сторам да го пронајдам. Кој знае  уште колкумина измамил. Мора да биде спречен“, порачува Јелена.Останав без ништо.  Во еден момент моите деца и јас го изгубивме кровот над главата. Заедно со Милан со кого планирав да го поминам остатокот

Пронајдете не на следниве мрежи: