Поради непозната вирусна инфекција од која заболеа 18 лекари во Србија, поточно во болницата во Крушевац, се крена паника не само во Србија, туку и во регионот.Како што објави српски „Блиц“, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и исипување, а веќе им се направени крвни анализи и се во карантин.
Најмногу заболени има на одделението за хирургија во болницата. Се смета дека ги заразил 37-годишен пациент што бил хоспитализиран минатата недела.
Сепак, ситуацијата е збунувачка. Лекарот кој прв го прегледал пациентот нема симптоми, како ни возачот што го возел со Итна помош, но затоа сите други лекари и сестри имаат.
– Пациентот дојде со воспаление на белите дробови. Сепак е чудно како сите кои првично имаа контакт со него не се заболени, а сите други се – вели извор.
Резултатите наскоро ќе бидат готови.Како што објави српски „Блиц“, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и исипување, а веќе им се направени к