Непознати факти за албинизмот

Луѓето со албинизам се едни од најмалку разбраните на планетата. Околу нив има изобилство од митови, вклучувајќи дека се стерилни, носат проклетство и дури дека делови од нивното телото можат да се користат како магични амајлии.Убаво е да се знае дека ниту едно од горните тврдења не одговара на вистината. Единствената разлика помеѓу албино и другите луѓе е недостатокот на пигмент во кожата, висока чувствителност кон сонцето и проблеми со очите. Ова се состојби кои можат да бидат третирани.
Еве неколку факти за албинизмот кои ги разбиваат стереотипите.
Албинизмот е вродено (постоечко при или пред раѓање) нарушување кое е предизвикано од намалување или целосно отсуство на меланин. Тоа е пигмент одговорен за боење на кожата, очите и косата. Албинизъмот понекогаш е познат како хипопигментација.
Луѓето со албинизам можат да имаат долг и здрав живот, исто како и секој друг. Најголемата закана за нив е ракот на кожата, кој се развива полесно кај нив поради незаштитената кожа.
Познатата книга на Херман Мелвил „Моби Дик“ се базира на вистински кит со албинизам, познат како Мока Дик. Познат и како Белиот кит на Пацификот, Мока Дик бил исклучително агресивен кит кој живеел во близина на островот Мока крај јужно Чиле. Гигантот преживеал безброј напади од китоловците. Секој пат, тој возвраќаал жестоко. Според некои податоци бил одговорен за смртта на над 1500 луѓе.
Причината за албинизмот е фактот дека некои оштетени гени не произведуваат меланин и не можат да бидат наведени да произведуваат дури и по третмани. Во Европа, 1 на секои 20 илјади луѓе има албинизам.
Во Централна Африка процентот е повисок – 1 од 3 илјади. Луѓето со албинизам го синтетизираат витаминот Д пет пати побрзо од луѓето со потемна кожа. Постојат многу различни видови албинизам.
Окуларно-кожниот албинизам е најчест. Кај него косата и кожата на лицето остануваат бледо бели доживотно. Научниците имаат создадено тестови со кои можат да кажат каква е веројатноста една идна мајка да роди албино бебе. Тоа се врши преку тестирање на фоликулата на косата, која се истражува дали е способна да произведе меланин.
Дури и денес во Танзанија се верува дека мајката на дете албино го изневерила сопругот со бел колонизатор. Во други африкански држави, албино луѓето се прогонувани и убивани, бидејќи се верува дека делови од нив носат среќа или имаат магични моќи.
Албинизмот повеќе делува естетски, како што е руса или скоро бела коса, сини или зелени очи. Токму затоа, во никој случај не треба да се мисли за овие луѓе дека се различни од останатите.Убаво е да се знае дека ниту едно од горните тврдења не одговара на вистината. Единствената разлика помеѓу албино и другите луѓе е недостатокот на

Пронајдете не на следниве мрежи: