Страхиња И., син на бизнисмен од Чачак кој е сопственик на синџир коцкарници ширум Србија, е убиен синоќа околу 18 часот со огнено оружје.Пресметката се случила во близина на неговиот дом, а Страхиња се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот, по што веднаш е префрлен во локалната болница каде докторите со сите сили се обидувале да го спасат но безуспешно. Младото момче починало на операциона маса.
-Младото момче во болницата е примено со прострелна рана под десното ребро, со тешко оштетување на органите, изјави синоќа, доктор Билјана Кочовиќ, потпаролката на болницата во Чачак.
-Неколку часа подоцна Страхиња им подлегнал на повредите, а како што пренесуваат српските медиуми, од куршумот највеќе му настрадал џигерот.
Според неофицијални информации, Страхиња пред зградата го пречекале двајца напаѓачи од кои едниот пукал во него и тешко го ранил.
По нив сѐ уште се трага, а истрагата ги испитува можностите за учество на трето лице во инцидентот, кое најверојатно ги чекало со автомобил.Пресметката се случила во близина на неговиот дом, а Страхиња се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот, по што веднаш е префрлен во лок