Албанскиот државен врв со низа свои постапки изминатиов период директно се меша во внатрешните работи на Република. Ова според експертската и политичката јавност е неприфатливо и неразбирливо.Пратеникот на Христијанско – демократската унија (ЦДУ) во германскиот Бундестаг Торстен Фрај вели дека е неприфатливо наметнувањето политички теми од странски држави и политичари во Македонија.
На прашање на МИА како ги коментира состојбите во Македонија во поглед на т.н, Тиранска платформа, Фрај кој е член на Kомитетот за надворешна политика на германскиот Парламент смета дека како принцип ниту во ЕУ ниту во Западниот Балкан не смее да има мешање на странски политичари во внатрешните политички прашања на други земји.
– Според моето искуство Албанија во минатото секогаш имала конструктивен улога во регионот. Но, сега не е добар сигнал тоа што албанискиот премиер сака да наметне албанска платформа преку албанските партии во Македонија. Тоа не е прифатливо. Актуелните политички предизвици се внатрешен проблем на Македонија и не смее да има наметнување на прашања од други држави. Јас немам никакво разбирање на мешањето на албанскиот премиер во внатрешните работи на Македонија, вели Фрај, кој е добар познавач на состојбите на Баканот, а во ноември ја посети Македонија.
-По тоа што го кажа албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати не треба да се имаат дилеми за тоа која е вистинската и која е крајната цел на платформата која на неколкутемина албански политички лидери од Македонија им беше напишана во Тирана. „Верувам дека вклучувањето на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за две главни етнички групи кои живеат во Македонија – Македонците и Албанците“, си кажа Бушати, сигурно упатен во тоа што неговиот шеф Еди Рама им го зацртал на тројцата лидери во албанската престолнина. Всушност, ако деновиве се следи тоа што како политички пораки доаѓа од Тирана, јасно се гледа дека Рама, Бушати и други, на македонската јавност јасно ~ кажуваат што треба да биде на крајот на приказната со тиранската платформа, пишува во колумна новинарот Бранко Ѓорѓевски.
Пораките дека Македонците се Славомакедонци, за официјализирање на албанскиот јазик, дека Албанците во Македонија се ентитет, а не малцинство, дека ги има повеќе од 35 проценти, дека треба да се менува името на државата, дека ситуацијата може да излезе од контрола, промената на Уставот се многу повеќе од дневнополитичката потреба да се собере по некој анкетен поен во пресрет на изборите во соседната земја.
-Практично, координирани се со тоа што се случува во наша земја при што на албанските првенци од Тирана им припадна улогата да бидат фронтмени на кажувањето на тоа што треба да се спроведе во Македонија, пишува Ѓорѓевски.
Рама не престанува да се меша
Рама во своето последно интервју за една албанска телевиизија ги заборава останатите етнички групи, односно делови од народи што живеат во земјава и вели дека населението било составено од Македонци и Албанци. Според овие зборови на Рама, Македонија е веќе бинационала држава.
-Албанците не се бегалци во Македонија, тие се интегрален дел од населението со две различно националности, тоа се Македонците и Албанците, вели Рама.
Рама во интервјуто заканувалки вели дека бaз Албанците ќе ја снемало Македонија и лаже дека Албанците биле третирани како граѓани од втор ред , иако фактите говорат дека тие имаат многу поголеми права од кое било малцинство во Европа.
-Нашите соседи имаат еден државотворен нaрод без кој нема Македонија и тие се замислуваат дека можат да ги третираат како граѓани од втор ред, вели Рама.
Во интервјуто Рама се обидува да се “испере“ за Тиранската платформа, тврдејќи дека тој немал никаков удел, иако фотографиите од потпишувањето на Божиќ и претходните изјави го демантираат.
Претседателот на партијата Црвено-црна Алијанса од Албанија, Крешник Спахиу неодамна потврди дека Тиранската платформа е масло на Еди Рама и како што вели, тој станува дел за начинот на кој треба да се формира македонската Влада, држејќи тотално страна на линијата на Сорос.
Tој во емисијата „Ora e intervistes“ на телевизијата Ора њус, која е лидер на пазарот на медиуми во Албанија вели дека се знае оти Заев е финансиран на директен начин од Сорос, па дури и дека прислушуваните разговори се финансирани од Сорос.
-Албанскиот Премиер и Тирана изиграа многу погрешно, изиграа погрешно затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна и во одреден момент албанскиот Премиер станува дел, станува едностран дел за начинот на кој треба да се формира Влада држејќи тотално страна на линијата на Сорос. Затоа што се знае дека Заев е финансиран на директен начин се знае дури и дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос и сигурно дека му се даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија, истакна Спахиу.
Албанските медиуми уште кон крајот на минатата година пишуваа дека премиерот на Албанија Еди Рама подготвил документ за сите албански партии со Македонија кои добиле мандати на изборите. И покрај обидите за негирање дека Платформата на албанските партии од Македонија е создадена и потпишана во Тирана, албанската телевизија „Визион Плус“ на 28-ми декември објави информација, која подоцна беше пренесена од повеќе медиуми, дека платформата е составена од албанската влада.
-Официјална Тирана има подготвено нацрт документ за албанските политички партии во Македонија. „Визион Плус“ дознава дека утре премиерот Еди Рама ќе им го пренесе овој документ на лидерите на политичките субјекти. На тој документ се бара унификација на интересите на Албанците, објави телевизијата.
Албанските партии ги имаат веќе потврдено овие информации во врска со средбата со премиерот на Албанија.
-Формирањето на нова Влада во Македонија претставува еден посебен интерес за официјална Тирана. Формирањето на Влада во Скопје дефинитивно зависи од ставот кој ќе го заземат албанските партии таму. Албанската Влада има подготвено еден советодавен документ за сите албански партии во Македонија каде ја пренесува својата позиција околу ставот на албанскиот фактор во соседната држава. „Визион Плус“ дознава дека албанскиот премиер Еди Рама ќе го предаде ова писмо на состанокот во четврток со лидерите и претставниците на албанските политички субјекти, велат од албанската телевизија.
Бушати: Тиранската платформа да влезе во македонскиот
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во интервју за бриселскиот интернет-портал „Еурактив“ ја коментираше и состојбата во Македонија и вмешувањето на неговата држава во внатрешните работи на својот сосед преку т.н. тиранска платформа, јави дописникот на МИА од Брисел.
Притоа, Бушати порача дека очекува оваа платформа да влезе во македонскиот Устав, со цел да даде позитивни резултати за „Македонците и Албанците“.
– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, вели Бушати.
Со оваа изјава, албанскиот шеф на дипломатијата потврдува дека целта со таквата платформа е промена на македонскиот Устав. Тој исто така тврди дека „не постои тиранска платформа, туку постои документ што е напишан од страна на три од четири албански политички партии кои се присутни во актуелниот Парламент во Македонија“, а дека тој документ е поддржан од Тирана.Пратеникот на Христијанско – демократската унија (ЦДУ) во германскиот Бундестаг Торстен Фрај вели дека е неприфатливо наметнувањето политички