Замислете го изненадувањето на докторите во Индија кога сфатиле дека причината за болка во стомакот на еден тинејџер бил деформиран фетус на неговиот брат близнак.Нерендра Кумар (18), бил одведен во болница во Утар Прадеш по година дена силни абдоменални болки, губење на тежина и напади на повраќање. По долго дијагностицирање, ултразвук и ЦТ скенирање, била откриена 20 центиметри голема и 2.5 килограми тешка маса коски, влакна и заби во стомакот на тинејџерот.
Ова е резултат од абнормалниот развој наречен „фетус во фетус“. Во исклучиво ретки случаи еден од фетусите на близнаците во раниот стадиум од бременоста се обвиткува околу другиот. Обвитканиот фетус потоа живее како паразит од хранливите материи кои ги добива од крвотокот на близнакот. Обично може да се пронајде во абдоменот, иако се пријавени случаи и во други делови од телото, како што е черепот.
„Стомакот на момчето постојано растеше, но неговиот проблем остана неоткриен со години бидејќи родителите не беа свесни за неговата здравствена состојба, а ниту докторите не можеа веднаш да откријат што му е“ – изјави д-р Раџив Синг.
„Технички, фетусот беше жив и растеше благодарение на метаболитичките активности во неговото тело“ – додал тој.
По тричасовна операција бил отстранет деформитетот од бебето кое имало коса, заби, слабо развиена глава, коскена структура на градите и `рбет со жолтеникава течност.Нерендра Кумар (18), бил одведен во болница во Утар Прадеш по година дена силни абдоменални болки, губење на тежина и напади на повраќање. По долго