Нерасчистени сметки со црногорската мафија: Убиениот Сале Мутави бил страв и трепет за многу навивачи

Синоќа во Белград, во близина на Централниот затвор, убиен е Александар Станковиќ, познат како Сале Мутави, водач на навивачката група „Гробари“.Како што пренесуваат медиумите, во престрелката е рането уште едно лице, кое работелo како чувар во затворот.
Нападот го извршиле две лица, кои со автоматска пушка пукале од автомобил во движење. Се смета дека нападот бил пресметка поради нерасчистени сметки со членови од црногорската мафија.
30-годишниот Александар Станковиќ беше водач на навивачката група „Гробари“, а на јавноста најдобро ѝ е познат како едно од трите лица кои во април физички ги нападнаа тогашниот директор на Партизан, Милош Вазуру, и го претепаа неговиот возач.
Кој беше Сале Мутави?
Со завиден стаж во хулиганските води, момчето од Врачар пред пет години своето место од северната трибина на стадионот на Звезда, го замени со позицијата на врвот на југот на стадионот на Партизан.
Беше еден од многуте „нови“ ликови кои го презеде водството на јужната трибина во периодот на најголемата криза, а потоа и во време на меѓусебни судири на Југот, кога беше загубен еден млад живот на навивач.
Ѝ беше познат на полицијата и на судовите, поради дрога и оружје, познат на улица, беше алфа и омега на „гробарската“ трибина. Последните години се стекна со статусот на најмоќниот навивач во Белград.
Со стравопочит се изговараше неговото име на стадионот, а беше и сослушуван после настан кој се случил во април годинава за напад заедно со уште неколку навивачи на Партизан врз обезбедувањето на директорот на клубот Милош Вазура, пишуваат српските медиуми.
 Како што пренесуваат медиумите, во престрелката е рането уште едно лице, кое работелo како чувар во затворот.
Нападот го извршиле две лица,

Пронајдете не на следниве мрежи: