Дербито меѓу Македонија и Србија предизвика големо интересирање во двете земји, но и во целиот регион. Двете селекции не сакаа порано да си заминат дома, а за среќа тоа ќе мора да го направи српскиот национален тим.Голот на Дејан Манасков беше одлучувачки за ремито, а српскиот коментатор Недељко Ковињало за момент помисли дека Станиќ успеа да го одбрани ударот, за потоа да сфати дека Македонија го прославува пласманот во следната фаза и очекувано го прогласи Манасков за јунак на нашата репрезентација.
Голот на Дејан Манасков беше одлучувачки за ремито, а српскиот коментатор Недељко Ковињало за момент помисли дека Станиќ успеа да го одбрани ударот