Скопје, 28 март 2013.– NESCAFÉ денес ја одбележува 75-годишнината од постоењето како водечки бренд на светскиот пазар во категоријата инстант кафе. 75 години по лансирањето на NESCAFÉ, секоја секунда се пијат повеќе од 5.500 шолји од оваа напивка. NESCAFÉ, бренд на компанијата Nestlé, која во дамнешната 1938 година го измисли инстант кафето, денес има 63% удел во тој сегмент на македонскиот пазар.
„Ги прославуваме богатата историја и наследството на NESCAFÉ, првото инстант кафе во светот кое во текот на 75 години од своето постоење го зачува препознатливиот вкус. NESCAFÉ денес е присутно во 180 земји, а со оглед на водечката позиција во категоријата производители на кафе, планираме да продолжиме со експанзијата“, истакна Карстен Фредхолм (Carsten Fredholm), шеф на стратегиската деловна единица на Nestlé за напивки.
NESCAFÉ е создадено поради Светската економска криза во 1929 година, кога тогашниот челник на компанијата Nestlé, Луј Дапле (Louis Dapples), доби задача кафето, натрупано во складиштата во Бразил, да го претвори во растворлива коцка кафе. Тригодишните истражувања покажаа дека кафето претворено во прав подолго го задржува својот вкус. Како резултат од тоа, во 1938 година е добиено првото инстант кафе во светот – NESCAFÉ.
Колку кафето е дел од нашето секојдневие говори и фактот дека токму кафето е вториот најупотребуван производ во светот, по нафтата. Токму поради тоа, NESCAFÉ го приспособува својот асортиман кон вкусовите на локалните потрошувачи, па не зачудува фактот што во светот постојат повеќе од 200 разни вкусови на NESCAFÉ.Скопје, 28 март 2013.– NESCAFÉ денес ја одбележува 75-годишнината од постоењето како водечки бренд на све