И покрај обидите да се претстави дека не постои платформа на албанското политичко крило во земјава креирана во Тирана, вистината дека е наметната од соседна Албанија речиси секојдневно се потврдува. Особено последниот месец.Доказ за тоа се оркестрираните навреди, индиректните закани и пораките од официјална Тирана, најчесто од премиерот Еди Рама, но најсилна потврда стигна од албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој директно побара промена на македонскиот устав за во него да се внесе тиранската платформа.
– Јас верувам дека со вклучувањето на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи што живеат во Македонија или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците – изјави Бушати во интервјуто за бриселскиот интернет-портал „Еуроактив“ пред два дена.
Инаку, албанскиот премиер не пропушта да го искористи секој свој јавен настап за да ја спомене ситуацијата во Македонија, директно мешајќи се во внатрешните работи на земјата, говорејќи за нереални проценти на албанското малцинство, кое, според него, е државотворно (последново е еден од условите во тиранската платформа – Албанците во земјата да се впишат во Уставот како државотворен народ). Засилување доби од пратеничката Месила Дода, која уште порадикално, и тоа од центарот на Дебар при посета на земјава, ја нарече Македонија – Илирида, односно Голема Албанија.
„Македонија не постои, тоа е Илирида“Дека Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за опстанок на Македонија, Рама му порача на македонскиот претседател Ѓорге Иванов откако тој одлучи дека нема да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев оти никогаш категорично не се откажа од платформата.
– Македонија треба да го промени својот став кон Албанците што живеат таму. Тоа треба да се случи затоа што Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за Македонија и зашто Албанците веќе застанаа на вистинската страна на историјата – изјави Рама во интервјуто за албанскиот канал „Ора“ на 2 февруари.
Слична порака му испрати на Иванов и на 1 март преку социјалните мрежи.
– Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците, нема Македонија – напиша Рама на својот твитер-профил.
Во паузата од неговите пораки настапи албанската пратеничка од Партијата за правда, интеграција и единство, Месила Дода, која од центарот на Дебар испрати порака со говор на омраза и поттикнување нетрпеливост, која никогаш не беше ниту коментирана ниту осудена од официјална Тирана.
– Македонија не постои, тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите браќа Албанци. Нема да може ниту Иванов, Груевски или некој друг антиалбанец да си игра со животите на Албанците и да ја претвори во европска Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права. Доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување самостојност – изјави Дода на 13 март.
Два дена подоцна, како и Рама, не испушти прилика преку социјалните мрежи да упати уште навреди и да охрабри сеалбанска битка за протнување на тиранската платформа.
– Читам низ медиумите дека ФИРОМ побарала јас да бидам прогласена за персона нон грата… Никаква загриженост… И за мене е исто толку неприфатлива една држава, која нема никаква основа за постоење и единствената заедничка точка на различните етнички заедници ја наоѓа само во соработувањето за злоупотреба на правата на нашите сонародници. Со ова сакам да кажам дека јас би прифатила да одам само во Илирида. ФИРОМ е исто толку нон грата за мене и престана да егзистира како лабораторија на албанофобијата. Останувам со поддршка на Албанците од Илирида – напиша Дода на својот фејсбук-профил на 15 март.
„Славомакедонците да ги почитуваат правата на Албанците“Три дена потоа отиде и подалеку, па од собраниската говорница во Тирана ги повика и властите во Kосово за заедно да им помогнеле на „браќата Албанци во Илирида“.
– Живееме во 2017 година и Албанците во Илирида треба да живеат слободно, да ги уживаат правата на свој јазик, знаме, просперитет, да уживаат право како еднакви граѓани иако тие што ја зазеле оваа земја не го сакаат тоа. Ако тие не прифаќаат дека Албанците треба да одлучуваат за својата иднина, ние не смееме да не дејствуваме, не само Албанија да не ги остави, туку и Kосово не смее да ги остави сами. Дијаспората треба да се здружи за да лобира за нив и да не ги остави сами. Што има тука нејасно? – рече Дода на 18 март.
На 31 март во интервјуто за еден швајцарски весник Рама ги нарече Македонците Славомакедонци, барајќи македонските власти да ги почитуваат правата на Албанците.
– Несфатливо за нас е кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? – изјави Рама.
Една од последните во низата негови изјави со кои де факто е јасно дека стои зад платформата и врши притисок таа безусловно да се прифати, е интервјуто за „Франс 24“ пред два дена.
– Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјави Рама на 3 април.
Спахиу: Рама згреши што се мешаше
Дека платформата од Тирана е директно мешање во внатрешните работи потврдуваат не само изјавите на Рама и истомислениците, туку и на поранешниот претседател на „Транспаренси интернешнел“ во Албанија и поранешен претседател на Врховниот суд на Албанија, Kрешник Спахиу. Во интервју за „Ора“ го критикуваше Рама оти одиграл погрешно.
– Албанскиот премиер и Тирана одиграа многу погрешно, затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна, и во одреден момент албанскиот премиер се вмешува во начинот за формирањето влада. Притоа држи целосно страна на линијата на Сорос, а истовремено се знае дека Заев е финансиран директно оттаму, се знае дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос, па му даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и за дестабилизација на Македонија – рече Спахиу на 27 март.
Еди Рама, 2 февруари:„Македонија треба да го промени својот став кон Албанците што живеат таму. Тоа треба да се случи затоа што Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за Македонија и зашто Албанците веќе застанаа на вистинската страна на историјата“
Еди Рама, 1 март:„Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците – нема Македонија“
Месила Дода, 13 март:„Македонија не постои, тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите браќа Албанци.Нема да може ниту Иванов, Груевски или некој друг антиалбанец да си игра со животите на Албанците и да ја претвори во европска Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување самостојност“
Месила Дода, 15 март:Читам низ медиумите дека ФИРОМ побарала јас да бидам прогласена за персона нон грата… Никаква загриженост… И за мене е исто толку неприфатлива една држава, која нема никаква основа за постоење и единствената заедничка точка на различните етнички заедници ја наоѓа само во соработувањето за злоупотреба на правата на нашите сонародници. Со ова сакам да кажам дека јас би прифатила да одам само во Илирида. ФИРОМ е исто толку нон грата за мене и престана да егзистира како лабораторија на албанофобијата. Останувам со поддршка на Албанците од Илирида
Месила Дода, 18 март:Живееме во 2017 година и Албанците во Илирида треба да живеат слободно, да ги уживаат правата на свој јазик, знаме, просперитет, да уживаат право како еднакви граѓани иако тие што ја зазеле ова земја не го сакаат тоа. Ако тие не прифаќаат дека Албанците треба да одлучуваат за својата иднина, ние не смееме да не дејствуваме, не само Албанија да не ги остави, туку и Kосово не смее да ги остави сами. Дијаспората треба да се здружи за да лобира за нив и да не ги остави сами. Што има тука нејасно?
Еди Рама 31 март:Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија?
Еди Рама, 3 април:Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор
Дитмир Бушати, 3 април:Јас верувам дека со вклучувањето на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи што живеат во Македонија или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците
Искра Kоровешовска за ДНЕВНИКДоказ за тоа се оркестрираните навреди, индиректните закани и пораките од официјална Тирана, најчесто од премиерот Еди Рама, но најсилна потврда ст