Нешков: Не може да барате мандат од претседателот, а потоа да велите дека е нелегитимен

Бугарскиот новинар и аналитичар Љубчо Нешков во емисија во бугарска телевизија bTV вели дека ситуацијата во Скопје, односно во законодавниот дом била очекувана. Решение и излез од ситуацијата Нешков гледа во започнување на сериозен дијалог меѓу двете најголеми политички партии. -Според мене е нормално, во крајна ситуација Иванов е единствената легитимна институција во земјата. Вие не можете уште утре да кажете дека го сакате мандатот од претседателот за да управувате со земјата, а потоа да кажувате дека нема да учествувате, тој е нелегитимен, тој е партиски итн. Не може на тој начин да се води политика, а вие да имате желба да ја водите земјата. Логично е после она што се случи во Собранието и фала му на Бога има само повредени, а не убиени, треба да започне вистински дијалог, а не двете партии, двајцата лидери да зборувааѕ помеѓу себе, вели Нешков.
Бугарскиот аналитичар вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом е една од причините за провокација и влегување на граѓаните во Собранието.
-Тоа беше едниот од двете причини кои доведоа до влегување во Парламентот на протестантите. Првото беше изборот и начинот на кој беше избран Талат Џафери и второто таа провокација…не е проблем што тој е етнички Албанец, ако се вратиме во историјата на Македонија во ВМРО-ДПМНЕ имало многу Албанци кои биле членови и кои застанале на страна на Македонците. Затоа кажувам не е причина и поводот за тој конфликт што е етнички Албанец, туку е неговата поддршка од надвор и тоа е многу груба и опасна од страна на Албанија и Косово, додава Нешков.
Тој додава дека во изјавата, албанскиот премиер Еди Рама вели дека сака да ја руши Македонија и му дава инструкции на албанскиот министер за внатрешни работи како да делува.
-Соседниот премиер Вучиќ вели дека тоа не е само македонски проблем. А каков е? Тоа е внатрешен проблем кој Македонците треба да го решат и да ја стабилизираат државата. -Според мене е нормално, во крајна ситуација Иванов е единствената легитимна институција во земјата. Вие не можете уште утре да кажете дека го сака

Пронајдете не на следниве мрежи: