Несоодветните сексуални мисли биле причина за неговото самоубиство

19 Годишниот Tyler Smith починал откако паднал од железничкиот вијадукт барајќи засолниште откако имал „несоодветни сексуални мисли“ откако конзумирал канабис.Tyler постирал порака на Facebook во која вели: „Чувствувам дека смртта ме вика“ и почнал да пие Валиум со надеж дека ќе го потисне она што му поминувало низ умот.
Кога им признал на своите родители и својата девојка, се упатил кон Стокпорт во Манчестер и паднал од работ на карпата кога еден полицаец се обидел да разговара со него и да го однесе на безбедно.

Се здобил со повеќе повреди каде после една недела во болница, починал.
Се зборело дека момче кое било одличен пливач и скејтер од Стокпорт, почнал да пуши канабис уште на 15 годишна возраст и тоа станувало се почесто кога одел на журки.
Неговата мајка изјавила дека кога бил добар, неговото однесување било полно со љубов. Немало проблеми кога не користел дроги или кога не пиел. Но кога ќе покажел знаци на депресија, неговото однесување се променувало.

Неговата мајка забележала неколку негови Facebook статуси и го прашала што се случува.
„Кога ќе го прашав постојано кажуваше дека нема да разберам, а доколку ми каже ќе мора да се убие. Некако спомна дека има несоодветни сексуални мисли. Се обидов да разговарам и за тоа, но сметаше дека за него нема помош. Поради тие мисли не сакаше да остари, ми кажа дека валиумот беше единственото нешто што го отргнува од тие мисли. Моето дете само сакаше да се ослободи од нив“ – изјавила мајката.

Тyler бил примен во болница кога бил предозиран, но и покрај зборувањето за своите мисли, за канабисот и валиумот, тој бил отпуштен.
Неговиот татко изјавува дека никогаш не бил доволно свесен за проблемот кој го имал неговиот син.
„Кога бев во болница го прашав за она што му се случува. Ми раскажа се во детали. Немав претходно знаење за тоа што ми го кажа па бев прилично шокиран. Му кажав дека ќе му помогнам, дека ќе бидам покрај него, но тој ми кажа дека не можам да му помогнам и ме праша што чувствувам спрема него сега кога ја знам вистината. Му реков дека секогаш ќе го сакам без разлика на се. Мислев дека направи чекор напред со тоа што ми се отвори. Физички, тој беше некој што скока од една состојба на умот во друга.
Во еден момент беше досетлив, во друг како да се наоѓа во друг свет. Бев премногу загрижен за него. Ми кажа дека само валиумот му ги запира тие мисли. Ја сакаше само мојата љубов откако ми кажа за неговите мисли и сакаше да биде сигурен дека нема да се одалечам од него.“

Девојката на Tyler, Lusy Roberts (18) кажала дека знаела за дрогата кога прв пат го запознала, но и дека повремено користел и други дроги.
„Тоа не се случуваше секој ден, но секогаш за време на викендот. Минатата година престана да зема дроги, но сеуште пушеше канабис.“
 Tyler постирал порака на Facebook во која вели: „Чувствувам дека смртта ме вика“ и почнал да пие Валиум со надеж дека ќе го потисне она

Пронајдете не на следниве мрежи: