Неспособноста на СДС удира врз пензионерите

Неспособноста и негрижата на СДС удира врз пензионерите и старите лица, СДС не сака и не знае да работи. Тие знаат само да уништуваат, кратат и рушат, изјави на денешната прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е парцелата каде што требаше да се изгради домот за стари лица со капацитет од 170 легла, кој СДС го блокираше и за кој ги скрати средствата. За овој проект беше определена локацијата, утврден ДУП, завршена цела проектна документација, само требаше да се отпочне со градба. На овој простор тука требаше да се изгради најсовремен дом за стари лица и пензионери, според сите стандарди, но поради негрижата и незаинтерсираноста на СДС овој дом ниту ќе се отпочне ниту ќе се заврши додека се тие на власт, вели Пешевска.
Таа вели и дека овој дом, кој беше барање на пензионерите требаше да има вкупна површина од 4.723 м2, но тој нема да се гради бидејќи СДС ги пренамени средства за негова градба за да овозможи повеќе пари за партиски вработувања, набавки на опрема, набавка на цвеќиња, октоподи и моррски плодови. Со ребалансот се укинати 28 милиони денари, меѓу кои и средства за почеток на изградба токму за овој дом.
-Пензионерите, но и сите граѓани гледаат дека СДС ги измами. Тие наместо животот кој го ветуваа на народот му понудија само укинувања, кратења, деструкција и блокирања на сите проекти кои политичкиот противник ги подготвил или ги отпочнал. СДС од инает и омраза е спремен секој проект да го стопира, само заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го предвидел, колку и да е тој проект во интерс на граѓаните. Тоа создава голема неизвесност и вознемиреност помеѓу граѓаните. Жалиме што СДС нема слух за вакви инвестиции кои се во интерес на граѓаните. Заради СДС на овој простор уште долго нема да се гради домот за најранливата категорија на стари лица, односно за стари лица без приходи и материјално необезбедени стари лица, стари лица со ниски приходи, болни и изнемоштени, рече Пешевска.
Таа додека и дека граѓаните само можат да го видат на дело неодговорниот пристап, негрижата и расипништвото на СДС. Пари за октоподи има, ама затоа нема пари за старски домови.Ова е парцелата каде што требаше да се изгради домот за стари лица со капацитет од 170 легла, кој СДС го блокираше и за кој ги с

Пронајдете не на следниве мрежи: