Воен авион Ф18 се урна денеска при полетување во воената база во близина на Мадрид. Пилотот загина, соопшти шпанското Министерство за одбрана.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во близина на базата Торехон де Ардос, околу 20 километри од Мадрид.
Ова е вторпат во една недела да се урне воен авион во Шпанија. Првиот случај беше на 12 октомври во близина на воената база во југоисточниот дел на земјата. И во овој случај загина пилотот, откако учествувал во парадата во Мадрид по повод одбележување на националниот празник.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во близина на базата Торехон де Ардос, околу 20 километри од Мадрид.
Пронајдете не на следниве мрежи: