Несреќа во рудник во Велење, шест повредени

Шест рудари се повредени во словенечкиот рудник за јаглен во Велење, во несреќата која се случила неколку минути после полноќ, јавија во почетокот локалните медиуми.Четворица рудари од ноќната смена минале со полесни повреди, двајца со потешки, но ниту еден не е во животна опасност.Директорот на рудникот Милан Медвед вели дека несреќата е предизвикана од природен феномен-ненадејно ослободување на напнатоста во окното, што повремено се случува во некој рудници, но не може да се предвиди, пренесува Хина.Последен ваков случај во истиот рудник бил забележан кон крајот на 2010 година, кога полесно беа повредени тројца рудари.По преглед на месото на настанот, работата во рудникот продолжила откако е утврдено дека нема никаква опасност за рударите.
МакфаксШест рудари се повредени во словенечкиот рудник за јаглен во Велење, во несреќата која се случила неколку минути

Пронајдете не на следниве мрежи: