Студентот од Скопје кој е наш верен читател, моментално се уште се наоѓа на автопатот Охрид-Скопје, поточно кај селото Сливово и како што вели тој се смрзнува и чека во таа темница поради грешка и невнимание на охридската автобуска копманија, како што објаснува самиот тој. Неговото патешествие започнало на автобуската станица во Охрид кога отишол да си купи карта на релација Охрид-Скопје. Бидејќи од лични причини тој морал да биде кај селото Сливово кое е на половина пат меѓу Охрид и Кичево.
Неколкупати прашал дали автобусот ќе застане кај селото Сливово доколку тој чека на автопатот, по што добил потврден одговор дека автобусот кој тргнува од Охрид кон Скопје во 17:45 часот со сигурност ќе застане кај Сливово и тој ќе биде безбедно сместен во автобусот бидејќи со купување на картата тој е регистриран во листата на патници.
Патникот кога го здогледал автобусот почнал да дава сигнал и да мавта дека е тука, но автобусот само го одминал. Загрижениот патник веднаш се јавил на охридската автобуска станица да каже што се случило при што наишол на навистина недолично однесување на некој од вработените и по неколку минутното карање и викање по телефон конечно добил одговор дека ќе дојде бугарски автобус во 19:30 часот и ќе го собере за накај Скопје.
Наш новинар се јави во оваа охридска автобуска станица да ја потврди информацијата на гневниот читател поради лошата услуга и недоличниот однос, при што од вработените на компанијата ни беше кажано дека патникот не може да бара да биде собран со автобус кој вози порано, доколку има купено карта за автобусот во 19 часот. Тие ни посочија дека во секој случај пратено е бугарски автобус и патникот нема да остане на автопат.
Сепак, патникот реши да приложи доказ и да посочи дека компанијата не е во право и дека некогаш навистина не се грижи за своите патници, бидејќи како што може да забележите и од фотографијата, патникот си има купено карта за тој автобус од 17:45 часот.
Со оваа необична и несреќна случка на овој студент од Скопје само се покажува дека некогаш некои компании не се грижат за своите клиенти. Патникот јасно прашал дали овој автобус ќе помине од селото Сливово, при што добил потврден одговор дека ќе помине и тој ќе биде собран од оваа дестинација. Доколку тој добил негативен одговор дека сепак треба да биде на автобуската станица во Охрид, самиот патник изјави дека ќе бил на автобуската и ќе се качел во автобусот како и останатите патници. Неговото патешествие започнало на автобуската станица во Охрид кога отишол да си купи карта на релација Охрид-Скопје. Бидејќи од лични причини тој