„Сеуште неможам да си дојдам при себе. Испив 4 таблети за смирување но скоро и око не сум склопил. А и како да склопам.“ – кажува за српски „Курир“ Милорад Трифунац (67) кој пред две вечери во креветот пронајде леш од непознат маж. Трифунац е пензиониран инжениер по електротехника. Роден е во Кикинда, но последните четириесет години живее во Белград. Во понеделникот во вечерните часови по 4 месеци дошол во Кикинда да ја види куќата во која долго време никој не престојувал. Тоа што го затекнал таму го исплашило како никогаш во животот…
„Го вклучив светлото во собата и здогледав неверојатна глетка. Непознат маж со израсната брада лежеше на мојот кревет. Нозете ми се пресекоа. Најпрвин помислив дека спие. Полека му пријдов а потоа се обидов да го разбудам. Го задрмав неколку пати но попусто. Бидејќи не се помдрнуваше повикав полиција. Непоканетиот гостин беше мртов.“
Лекарот за итна помош утврдил дека човекот во креветот лежел мртов измеѓу пет и седум дена.
Меѓутоа, Трифунац наведува дека тоа не било единственото непријатно изненадување.
„Во куќата затекнав вистински хаос. Ми недостигаа најмалку 200 литри ракија. Незнам дали ја пиел или ја продавал. Исто така недостигаа предмети од домаќинството, правосмукалка па дури и акумулаторот од стариот голф. Најмногу се изнервирав тоа што вршел нужда пред влезната врата каде ги кинел простигнатите сметки и нив ги користел место тоалет хартија. Срамота! И понатаму сум во голем шок од сето ова. Во каков свет живееме…“- кажува Трифунац.
Според неговите зборови, полицијата по доаѓањето на вршење на увидот не можела да го утврди идентитетот на станарот но потоа било утврдено дека се работи за државјанин на Кикинда, Душан Чуриќ, бескуќник роден во 1965 година.
Лешот бил испратен на обдукција во новосадскиот Институт за судсска медицина за да се утврди причината за смртта. На телото нема никакви видливи повреди па се исклучува можноста дека се работи за насилна смрт- кажува за Курир кикиндската полиција. Трифунац е пензиониран инжениер по електротехника. Роден е во Кикинда, но последните четириесет години живее во Белград. Во понеделникот во вечерни
Пронајдете не на следниве мрежи:



