Нешта за порнографијата кои не сте ги знаеле

Еротиката е дел од човештвото од неговите почетоци. Голотијата отсекогаш им била фасцинантна на луѓето, а трендот на уживање во туѓата голотија и водењето љубов пред непознати се трансформираше од табу тема до прифатливо однесување, посебно поради рапидниот развој на порнографијата и снимањето филмови за возрасни.Создадена од Викторијанците
Сликите на голо човеково тело постојат колку што е стара и човековата цивилизација. Но, дури во викторијанско време почнала да постои порнографија каква што познаваме денес. До 19. век постоеле неколку закони кои го регулирале сексуалното однесување, но ниту еден не се однесувал на сликите поврзани со темата сексуалност. Викторијанците биле многу лицемерни и забраниле голи слики на пониските класи бидејќи сметале дека нивниот морал не е толку силен како што е нивниот за да може да се носи со тие слики. Кога во Помпеја биле откриени голите кипови, многу брзо биле префрлени во тајниот музеј во Неапол. Но и покрај тоа порнографијата била прилично популарна во викторијанското доба, но луѓето ја консумирале во тајност.
Порнографија и технологија

Порно-индустријата е многу моќна – толку што игра голема улога во војната на филмските формати. Играла голема улога во ХД-ДВД војната против Блу-реј, а заслужна е и за победата на ВХС над Бетамаксот. Овој пазар годишно вреди околу 50 милијарди долари, па затоа и не изненадува нејзиното влијание на пазарот.
Порнографијата води во криминал – вистина или мит?
Многу критичари на порно-индустријата како аргумент ја земаат нејзината поврзаност со криминалот. Но во прилог не им оди податокот кој вели дека во државите во кои е најлесно да се дојде во контакт со хард-кор порнографијата има најмалку секс криминал.
Порно зависност
Постојат две групи кои и се противат на порнографијата: религијата и феминизмот. Заедничко им е тврдењето дека може да се стане зависен од порнографијата. Тој факт го поткрепуваат со податокот дека консумацијата на порно-материјали е во пораст. Исто така нагласуваат дека зависноста е само чекор пред изневерувањето на партнерот, но и сексуалниот криминал како што е силувањето. Феминистките нагласуваат дека порнографијата е навредлива за жените, додека католичката црква тврди дека таа е грев.
Плата
Просечната плата на машкиот порно-актер изнесува помеѓу 50$ – 1500$, а се платени по сцена, а не по час. Но, за разлика од своите колеги, женските порно-ѕвезди може да заработат и до 250.000 милиони долари годишно.
Интернет-порнографија
Се претпоставува дека постојат околу 4.2 милиони интернет порно-страници, односно околу 370 милиони индивидуални страници. Дневната количина на пребарувања на овие страници се движи од околу 68 милиони пати.

Пронајдете не на следниве мрежи: