Нестабилното време ќе продолжи и во дел од ноќта. Врнежи со грмежи ќе има во северните делови, а потоа врнежите до изутрина ќе се преместуваат кон исток.За утре е најавено променливо облачно време, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Минималните температури ќе се движат од 13 до 19, а максималните од 21 до 30 степени.
Во Скопје исто така рано наутро со краткотраен дожд. Претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.За утре е најавено променливо облачно време, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источнит