Додека порано важело правилото дека машкото треба да е повозрасно во врската, денеска може да се констатира дека многу девојки се впуштаат во врска со помлади момци. Во љубовта нема правила, а тоа го покажува фактот дека годините на партнерите воопшто не прават разлика. Старосната граница не е и не треба да биде пречка во ниедна врска, меѓутоа убаво е да се знаат добрите и лошите страни во односот кога девојката е постара од момчето.Добри страни
Врската со помладо момче и создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната компатибилност. Машките и женските го доживуваат својот сексуален максимум во различно време, па според таа логика најсовршен спој би биле 25-годишно момче и 40-годишна жена. Тука станува збор за огромна количина на сексуална енергија. Младите момци се подиви и поголеми авантуристи, додека постарите девојки имаат повеќе животно искуство и се позрели. Секогаш е забавно да се впуштите во ваква авантура. Тука нормално влегуваат во комбинација и моќта и финансиите на постариот партнер.
Лоши страни
Недостатокот на искуство може да биде благослов, но и проклетство. Од една страна, помладиот партнер е слободен кога станува збор за бивша сопруга и деца од претходен брак, што не мора да значи дека е исто и со постарата сопатничка. Исто така, може да завршите и со „детиште“ на кое сè уште му се лумпува и му се играат видеоигри по цел ден. Неретко се случува на девојката во ваков случај да и биде преку глава да изигрува улога на родител и постојано да биде мудра и одличен советник. Кога ќе сфати дека е ставена во улога на мајка, страста веднаш ќе исчезне. Најголем проблем се провокациите и коментарите од пријателите и семејството на девојката, кои иако можат да бидат на шала, сепак лошо влијаат врз помладиот партнер. Секако мора да се додаде и дека можат да настанат компликации кога едниот партнер сака да има деца, а на другиот или му е прерано или прекасно.Добри страни
Врската со помладо момче и создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната к