Нешто смрди од главата, а рибата од опашката

Не­што смр­ди од гла­ва­та, а ри­ба­та од опа­шка­та Ро­ден на: 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско
Обра­зо­ва­ние:  Правен факултет во Скопје
Про­фе­си­ја: Вртикапа
Уста ли е, па­ри ли се, но не­што овој пат смр­ди од гла­ва­та. Факт е де­ка не­кои ра­бо­ти тре­ба да се сме­нат ко­ре­ни­то, а она што не мо­же да се сме­ни од ко­рен, тре­ба да се за­ме­ни. Со све­жи, не­из­вал­ка­ни и не­оп­то­ва­ре­ни флер­ту­ва­чи, ка­кви што не­ма во мо­мен­тов . За­ев да­де га­ран­ци­ја, а за воз­врат до­би ман­дат и по скоп­ски спу­шта­чи. Во ску­тот на ман­да­та­рот сво­јот мир го гле­да и бе­страш­ни­от лав ис­пра­вен на бра­ни­кот на та­тко­ви­на­та. Одам­на е ур­нат ми­тот за Бра­тот Љу­бе, кој го про­да­ва­ше име­то на др­жа­ва­та пред по­сред­ник на Гр­ци­ја за пре­диз­бор­но фи­нан­си­ра­ње на сво­ја­та пар­ти­ја во 2011 го­ди­на.

По­сред­ни­кот: Са­мо да зна­еш грч­ка­та вла­да е во­о­ду­ше­ве­на од те­бе.
Љу­бе: Да.
По­сред­ни­кот: Сѐ е до­се­га ка­ко што тре­ба, са­мо, мо­лим те Љу­бе, пос­ле тоа са­кам и ти да при­до­не­сеш ствар­но да го ре­ши­ме проб­ле­мот со име­то. Пре­ку гла­ва ни е.
Љу­бе: Јас се­га им ви­кам, го те­пам Ни­ко­ла Гру­ев­ски, му ви­кам ко­го пра­ша ти за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја Скоп­је… Охри­ѓа­ни­те ги пра­ша, би­тол­ча­ни­те, зна­еш се на­вра­ќам на па­три­от­ска кар­та, за да ги до­би­јам не­го­ви­те гла­со­ви, тој игра на лаж­на кар­та… Зна­еш, ќе им ка­жеш ти на тво­и­те јас се­га ќе глу­мам мал­це лу­ди­ло, за­што Љуб­чо нај­о­тво­ре­но се ли­га­ви, Љуб­чо она што го пра­ви тоа не е до­бро ни за Гр­ци­ја. Јас мис­лам ва­ка – ви­ка мо­ра да се сме­ни име­то Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, оп­ти­мал­но ре­ше­ние и јас не го ко­мен­ти­рам Љуб­чо. Јас ќе играм се­га на па­три­от­ска­та, и пос­ле ај! Ќе го ре­ши­ме во два де­на со те­бе за­ед­но!
По­сред­ни­кот: Мис­лам се­вер­на е пер­фект­но име, не­ма ту­ка, тоа е еден ге­о­граф­ски по­им што го да­ва са­мо­то име.
Љу­бе: Та­ка де, та­ка е
По­сред­ни­кот: Да би­дам искрен, ни­што не се гу­би.
Љу­бе: Мај­ка­та оста­ну­ва, е се­га мај­ка­та да зе­ме­ла пре­зи­ме при­да­вка се­вер­на, јуж­на, не знам ка­ква ни­ка­ква, де­ка тоа вр­ска не­ма. Тоа да не се се­ки­раш, ту­ка тоа ти га­ран­ти­рам.
По­сред­ни­кот: И за на­ци­о­нал­ност, ед­но­став­но гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка­та.
Љу­бе: Тоа да не се се­ки­раш, ту­ка тоа ти га­ран­ти­рам.
По­сред­ни­кот: Ед­но­став­но гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка­та.
Љу­бе: Та­ка, та­ка. Плус тоа не­ма по­го­лем па­три­от од ме­не, јас сум ро­бу­вал за Ма­ке­до­ни­ја. Јас ко­га збо­рам по­и­на­ку ме слу­ша­ат лу­ѓе­то не­го не­кој ли­гуш та­му кој не­мал ни­што да­де­но…. Тоа не­маш гај­ле.

Та­ка збо­ру­ва­ше бра­тот за 100.000 евра во ќе­се.
Овој пат Бра­тот збо­ру­ва за да збу­ни. Ете, пр­ва се збу­ни но­ви­нар­ка­та ко­ја го по­ка­ни­ла да ѝ го­сту­ва во еми­си­ја.

–Ми за­ли­чу­ва­те ка­ко да збо­ру­ва­те со уста­та на ман­да­та­рот Зо­ран За­ев. Мож­но ли е да му се прик­лу­чи­те во ко­ја би­ло фор­ма на кој би­ло на­чин? Да­ли сте се срет­на­ле пер­и­о­дов со Зо­ран За­ев – пра­шу­ва но­ви­нар­ка­та ка­ко да се пре­ис­пи­ту­ва са­ма­та се­бе­си.

Љу­бе, лес­но ка­ко пес­на, по­твр­ду­ва де­ка ве­ќе ос­тва­рил кон­такт со За­ев и му ги по­ну­дил сво­и­те пар­ти­ски ка­па­ци­те­ти.

–Да, сме се срет­на­ле со гос­по­ди­нот За­ев и ние не­ма­ме ни­ка­ков проб­лем на­ши­те ка­дри и спо­соб­ни­те лу­ѓе од на­ша­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја да ги по­ну­ди­ме ка­ко ка­дри кои ќе при­до­не­сат за де­мо­кра­ти­зи­ра­ње на др­жа­ва­та – ре­че Бо­шков­ски.

Со оваа сво­ја из­ја­ва Бо­шков­ски са­мо ја по­твр­ди кон­ста­та­ци­ја ко­ја пред из­вес­но вре­ме ја има­ше Ма­не Ја­ков­ле­ски, еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ, кој за по­ли­ти­ча­ри­те од ко­вот на Бо­шко­ски ја упо­тре­би син­таг­ма­та „по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме“.

„Овие лу­ѓе по­ка­жаа де­ка се по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме. Се­ко­гаш ко­га тоа му е по­треб­но на сце­на­ри­стот и ко­га ќе се про­це­ни де­ка тоа им е по­треб­но на ин­стру­мен­тот СДС, тие се по­ја­ву­ва­ат. При­ме­те­те, трој­ка­та по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме ни­ка­де ги не­ма­ше ко­га се соз­да­ва­ше Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, не ка­жаа ни­ту збор за оби­ди­те за про­ме­на на зна­ме­то, гр­бот, хим­на­та, ко­га се оби­ду­ваа да во­ве­дат дво­ја­зич­ност, да нѐ прог­ла­сат ка­ко род и др­жа­ва за ге­но­цид­ни. Ни­ка­де ги не­ма­ше да ја за­шти­тат Ма­ке­до­ни­ја, а еве ги се­га да рас­пра­ва­ат за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се са­мо по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме, ис­по­ста­ва, ко­ја е глас­на, но без­о­пас­на. Тоа не­ма да по­ми­не“, на­пи­ша Ја­ков­ле­ски на „Фејс­бук“.

Да се вра­ти­ме на збу­ну­вач­ко­то ин­терв­ју за да се доз­бу­ни­ме. Ка­ко што нај­а­ви, та­ка и на­пра­ви. Глу­ми лу­ди­ло. На­ја­ву­вај­ќи бор­ба со ар­гу­мен­ти, ну­деј­ќи му мег­дан на За­ев на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, не­ба­ре е прет­став­ник на по­ло­ви­на ми­ли­он Ма­ке­дон­ци, Бо­шко­ски оце­ну­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја оди во до­бар пра­вец, де­ка има ка­па­ци­тет за из­лез од кри­за­та, а ка­ко при­мер ги по­со­чи Ал­бан­ци­те, кои сво­јот глас на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри го да­доа за СДС, по­тег кој спо­ред не­го јас­но да­ва до зна­е­ње де­ка са­ка­ат со­жи­вот за по­до­бро утре за си­те.

– Ние сме свес­ни де­ка тоа се две раз­лич­ни по­ли­тич­ки иде­о­ло­гии и де­ка ние се­га ги по­ми­ру­ва­ме лу­ѓе­то, а не иде­о­ло­ги­и­те, и свес­ни сме де­ка еден ден на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на ќе мо­ра да се су­драт ВМРО за Ма­ке­до­ни­ја и СДС. Но, тоа ќе би­де ед­на чи­ста по­ли­тич­ка бор­ба, бор­ба со ар­гу­мен­ти, нај­а­ви Бо­шко­ски од којз­нае ко­ја по­зи­ци­ја.

Ха­ос и лу­ди­ло – тол­ку има да ѝ по­ну­ди Бра­тот па­три­от на Ма­ке­до­ни­ја.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 247 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 26 мај 2017 г.Ро­ден на: 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско
Обра­зо­ва­ние:  Правен факултет&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: