Фото: Shutterstock.com Според информациите од Bloomberg, Netflix размислува да го имплементира системот на OpenAI за подобрување на начинот на кој корисниците пребаруваат содржини на оваа популарна платформа. Оваа новина моментално се тестира на пазарите во Нов Зеланд и Австралија. Вообичаено, Netflix пробува нови функции во ограничен број земји и со мали групи на корисници пред истите да станат достапни глобално за сите.
Новата технологија на OpenAI би овозможила пребарување кое не се потпира само на внесување наслов или име на актер. Како што многумина веќе се навикнати во користењето на ChatGPT за пронаоѓање информации на најразлични теми, овој пристап сега ќе биде применив и на Netflix. Корисниците ќе можат да напишат свои желби и интереси, а пребарувањето ќе се фокусира на „разбирање“ на барањата и исполнување на истите.
Ако оваа новина биде достапна на сите, процесот на откривање интересни содржини на Netflix значително ќе се унапреди, нешто што моментално може да биде комплициран процес. Иако веќе постои вештачка интелигенција која учи за интересите на корисниците врз база на претходно гледано, интеграцијата на „ChatGPT“ во механизмот за пребарување ќе донесе значајни подобрувања.
The post Netflix тестира нова функција за пребарување со вештачка интелигенција appeared first on 365.mk.