Државниот завод за статистики на Република Македонија во својата последна анкета од областа Пазар на труд ја објави просечната нето плата за месец август 2013. Просечната нето плата за месец август годинава во Република Македонија изнесувала 21.108 денари. Во однос на истиот месец минатата година, просечната плата за месец август 2013 е зголемена за дури 7 отсто.
Праксата да се зголемува нето-просечната плата во Република Македонија во однос на минатата година, се бележи не само во месец август, туку и во сите претходните месеци од јануари до август.
Ваквото зголемување на нето-просечната плата се должи на зголемувањето на нето-платата во реалниот сектор, во стопанските гранки и тоа: Транспорт и складирање (7.0 отсто), Други услужни дејности (6.7 отсто) и Рударство и вадење на камен (5.6 отсто).
Во однос на август минатата година се јавува и позитивен тренд или намалување на бројката на луѓе кои не зеле плата, за кој бурно се борат институциите на државата.
Август 2012 година 2.5 отсто од вработените не ги земале своите плати, додека пак во август оваа година само 1.5 отсто од вработените не зеле плата.Просечната нето плата за месец август годинава во Република Македонија изнесувала 21.108 денари. Во однос на истиот месец минатата година, просечна