Редакцијата на НетПрес одлучи како одговор на неоснованите тврдења на Бранко Героски да објави документи од Агенцијата за катастар од неговата навистина „дебела“ имотна состојба, како и документацијата за фирмите и невладините организации во кои тој и неговата втора сопруга се основачи.Редакцијата на НетПрес му се извинува на Героски, бидејќи објави дека „Мајка и дете“ е фирма, а всушност станува збор за невладина организација, во која како основачи се појавуваат и лица кои се основачи и на друга невладина организација заедно со Героски и со неговата втора сопруга Биљана Илиќ Героска. Значи истиот тим на луѓе во повеќе невладини, зависно од потребата за намена на НВО-то!
Редакцијата на НетПрес исто така му се извинува на Бранко Героски што со објавените податоци очигледно му го наруши неговиот комодитет, бидејќи документираните факти покажуваат каков независен новинар и борец за слободно новинарство е всушност ликот Бранко Героски.
Извор: НетПресРедакцијата на НетПрес
Пронајдете не на следниве мрежи: