Неуспешно помина обидот за рушење на споменикот на Цар Душан

Неуспешно помина обидот за уривање на споменикот на Цар Душан.Група од од 20 до 30 граѓани по полноќ се собра кај споменикот на цар Душан и се обидуваше да го урне. Обидеот беше безуспешен, па, тие успале само да го оштетат споменикот.
За денес напладе беа закажани протести против поставувањето на овој споменик, за кој не се знае кој го нарачал платил и поставил.
На денешните протести организаторот најави дека на споменикот ќе биде поставена  црна неметка на срамот- но полицијата не дозволи никој да се доближи до споменикот. 
Имено, за  „Разбуди се“  Цар Душан е окупатор на Западен Балкан и самопрогласен цар.
Според нив поставувањето на споменик за една ваква фигура е контроверзна и зборува за кризата на идентитетот или србофилијата на тие што го поставиле.
Исто така на „Разбуди се!“ им пречи и што споменикот на царот Душан ги испреварил спомениците на албански дејци.

 
На Мостот на цивилизациите има поставено десетици споменици на владетели од 8 век пр. н.е. до крајот на 14 век од нашата ера, но за ниту еден не се крена толкава врева колку за царот Душан.
Покрај статуата на цар Душан, за кого најмногу се дебатира,  на овој мост се наоѓаат и други „странски” значајни личности. Она што сите ги обединува е фактот дека оставиле несокривливи траги на територијата на Македонија преку нивните дела, градби и археолошки остатоци. На мостот Око има статуи на повеќе антички македонски кралеви како Каран, Пердика први, Александар први Филхелен, Архелај и Аминта трети, но има и статуи на пејонскиот крал  Авдолеон, на неколку римски првосвештеници кои делувале на територијата на Македонија, како што се Тит Флавиј Орест и Публиј Сентиј Септимиј Николај.
Од друга страна историските личности не треба да се присвојуваат а ни да се напаѓаат велат историчарите.
Според нив, крајно е спорно ваквото третирање на историските личности. 
Додека за СДСМ нема дилеми, за нив „за националната демократска преродба поставувањето на споменикот на цар Душан е голем политички срам, бидејќи цар Душан е проблематичен, бидејќи бил поробувач на овие простори”.
Наспроти опозицијата, Србите во Македонија велат дека цар Душан не го поробил Скопје, туку само ја преселил својата престолнина од Призрен во Скопје и дека секој лаик знае дека неговата цивилизациска големина и вредност се евидентирани и признаени во светски рамки.
За политичкиот аналитичар Ивица Боцевски нема никакви дилеми околу тоа дали треба или не во Скопје да има споменик и на цар Душан.
„Тој е нераскинлив дел од историското и културното наследство на овие простори, посебно на Градот Скопје, а нашите сограѓани од српската заедница го сметаат како дел од нивниот етно-културен идентитет. Не ја разбирам оваа реакција на националистичкото движење „Разбуди се“. Скопје е отворен град што им припаѓа на сите негови граѓани, а фактот што Скопје го красат споменици на сите оние што ја кроеле неговата историја само ја покажува неговата отвореност и вистинската посветеност на мултикултурализмот. Морам да предупредам и на мрачната црта на овие нивни акции. Доколку денеска започнат со рушење на споменици, утре можеби ќе продолжат со рушење на средновековните манастири изградени од српските владетели и велможи, а задутре веројатно сите Срби во Македонија, вклучувајќи ја и мајка ми (а и ќерка ми затоа што го носи презимето на баба си), ќе ги определат за окупатори и ќе им порачаат дека не се посакувани во Скопје и во Македонија. На таков начин не се гради меѓусебна доверба и разбирање, туку само се сее страв и се продлабочуваат поделбите. Србите во Македонија покажаа дека немаат проблем кога нивните сограѓани поставуваат споменици на личности кои оставиле крвава трага во српската историја и во историјата на Србите од овие простори. Сега со право прашуваат зошто пречи споменик на една значајна личност од длабокото средновековие, личност која се вградила во историјата на сите балкански народи, а која што за Србите од Македонија има посебно идентитетско значење. Се надевам дека овие гласови на омраза и овие срамни напади кон српскиот идентитет наскоро ќе престанат. Србите во Македонија со ништо не заслужија да бидат предмет на ваква агресија и на ваква одвратна медиумска кампања“, вели Боцевски. 
 Група од од 20 до 30 граѓани по полноќ се собра кај споменикот на цар Душан и се обидуваше да го урне. Обидеот беше бе

Пронајдете не на следниве мрежи: