Новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus можеби неодамна се најдоа во продажба, но веќе имаме концепти за идните модели. Овојпат, не се фокусираме на iPhone 7, туку одиме две години во иднината и неверојатниот iPhone 8…Овој концепт претпоставува дека ќе видиме уред кој изгледа футуристички во наредните две години. Редизајнот е базиран на минатите модели на iPhone, поконкретно iPhone 4, и навистина изгледа прекрасно.
Ова дело е креација на Steel Drake и ни прикажува што би можеле да очекуваме од Apple во блиска иднина. Перформансите се очекувани – quad-core A10 процесор со octa-core графички процесор, 4GB RAM и неверојатна 20 мегапикселна iSight камера.
Секако, тука би бил и скенерот на отпечатоци, но немојте да бидете изненадени доколку видиме и ретина скенер во иднина.
Извор: gsm.mk.Овој концепт претпоставува дека ќе видиме уред кој изгледа футуристички во наредните две години. Редизајнот е базиран на минатите модели на iPhone,