НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ: Две девојки тврдат дека биле во врска со копилотот убиец, едната од нив е и трудна…

До сега во медиумите се наведуваше дека стјуардесата Марија В. е девојката поради која Андреас Лубиц се убил бидејќи му раскинала. Но сега се појави уште една жена, поточно наставничка од средно училиште, Катрин Голдбах (26), која тврди дека таа била негова девојка и дека сега чека негово дете.Вистинска конфузија настана во светските медиуми кои до детали известуваат за животот на копилотот Андреас Лубиц кој во смрт однесе 149 патници и членови на екипажот кога намерно го собори авионот Ербас А320.
Имено, досега се пишуваше дека стјуардесата Марија В. е девојката поради која Андреас Лубиц се уби бидејќи му раскинала, но сега се појави и една наставничка од средно училиште Катрин Голдбах (26), која тврди дека таа е негова девојка и дека е трудна од него.
Таа после падот на авионот кој летал од Барселона за Дизелдорф, отишла во Франција мислејќи дека нејзиниот поранешен вереник е една од жртвите во несреќата.
Но, кога стигнала на местото на несреќата сфатила дека Лубиц всушност е виновен за падот на авионот.
ЖАЛНО: Еве што се случува со родителите на копилотот кој го урна авионот!
Се верува дека Голдбах , недолго пред несреќата им соопштила на своите ученици во училиштето Крефелд, недалеку од Дизелдорф, дека ќе стане мајка. Била среќна што ќе ги сподели среќните вести, и му се радувала на идното мајчинство, а дури планирала и венчавка со Лубиц.
Иако планирале заеднички живот, постои сомнеж дека парот имал бурна врска, многу прекини во текот на тие 7 години додека биле заедно, и дека Лубиц во последно време се гледал со уште една жена, споменатата стјуардеса Марија.
Катрин сега мора сама да се соочи со последиците од одлуката на Лубиц. Тие двајца се запознале како тинејџери пред тој да стане пилот. Работеле заедно во Бургер Кинг во неговиот роден град Монтабаур, наведуаат германските медиуми. Заедно се преселиле во Дизелдорф  и го делеле станот. Но, Катрин била прсилена да се отсели поради константната потреба на Лубиц се да држи под контрола.

 
Се верува дека токму нејзиното заминување може да биде „капката која ја прелила чашата“ и го навела на овој стравичен и неразумен чин. Вестите за бременоста на неговата поранешна вереница се појавија откако беше објавен транскрипт снимката од црната кутија на која се слушаат очајнички крици на патниците и тропањето на пилотот, кој со секира се обидувал да ја пробие вратата да влезе внатре и да ја преземе контролата над авионот.
Медиите сега шпекулираат дека навистина се работи за тоа дека Марија е таа поради која Андреас раскинал со Катрин
За потсетување, Марија В. која цело време се претставуваше како негова поранешна девојка раскажа дека Лубиц го најавил својот злонамерен чин.
– Кога слушнав за падот на авионот, веднаш во главата почнаа да ми одѕвонуваат неговите зборови: „еден ден ќе направам нешто што ќе го промени целиот систем и по што сите ќе ме паметат и ќе го знаат моето име“. Тогаш не знаев што значи тоа, но сега е јасно – раскажува стјуардесата.
Исто така таа додала дека Лубиц често имал кошмари од кои се будел со извикување: „паѓаме, паѓаме…“
 Вистинска конфузија настана во светските медиуми кои до детали известуваат за животот на копилотот Андреас Лубиц кој во смрт однесе 149 патници и ч

Пронајдете не на следниве мрежи: