Која е првата работа која ја правите откако ќе станете од кревет? Ако одите во тоалет, варите кафе и се влечкате по куќа, научниците велат дека грешите – и наместо тоа, би требало веднаш да излезете на тераса или на прозор. Не само што добро ќе ве разбуди, туку и ќе ви помогне да ослабнете!Истражување на медицинскиот факултет „Northwestern“ покажало дека луѓето кои веднаш по будењето вдишуваат свеж утрински воздух, во просек имаат помал индекс на телесна маса.
За да дојдете до овој резултат, научниците побарале од 54 учесници, кои во просек имаат околу 30 години, седум дена да носат паметна алка, која мери колку време поминале на утрински воздух. Покрај тоа, морале да запишуваат и колку калории дневно внесувале и што точно јаделе. Се испоставило дека луѓето кои наутро уживаат неколку минути на сонце, имаат помал број на килограми и тоа без оглед на годините, начинот на исхрана или количината на активност во текот на денот!
Ако се прашувате зошто е тоа така, научниците имаат две теории. Рво, утринското излегување на светлина е подобро од попладневното, бидејќи нам на тој начин ни се синхронизира утринскиот часовник, а тоа за резултат дава подобар метаболизам.
Друга причина е фактот дека утринското сонце позитивно влијае на метаболичкиот ритам.Истражување на медицинскиот факултет „Northwestern“ покажало дека луѓето кои веднаш по будењето вдишуваат свеж утрински воздух, во прос