НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Оваа фотографија ОД КОРЕН смени два животи!

Алекс Маси се нашол во градот Бопал во Индија и тоа за време на сезоната за монсуни. Тогаш, забележал девојче како клечи додека врне дождот. Благодарение на фотографијата која ја направил во тој момент и за којa освоил награда, успеал да го смени животот на девојчето.Кон крајот на август во 2009 година, Алекс Маси дошол со намера да го фотографира момчето Сачин Јатев, кој е парализиран и има деформитет на `рбетот поради истекување на гас во Бопал.
„Силно почна да врне и децата се вознемирија. Во моментот кога почна да врне, ја фотографирав помладата сестра на Сачин, Пунам, како се освежува на дождот. Застанав под стреата, а таа веднаш беше пред мене. Успеав да ја фотографирам. Веднаш избега кога ме виде со камерата“, рекол Маси, кој инаку е фоторепортер во Лондон.
На фотографијата се наоѓа Пунам, која тогаш имала седум години, со накиснати алишта и коса, но со блажен израз на лицето.
Маси изјавил дека на нејзиното лице се „гледаат слободата и ослободувањето и покрај окружувањето во кое се наоѓа“.
Во 2011 година, Маси освоил 5.000 долари на натпреварот „Photographers Giving Back“. Одлучил да им ги даде парите на Пунам и на нејзиното семејство.

„Понекогаш, кога ги фотографирате луѓето, се чувствувате како да земате нешто од нив. Се обидувам да објаснам дека не сум тука за директно да им помогнам, но доколку ми дозволат да ги фотографирам, можеби некој друг ќе им помогне. Јас сум мост помеѓу читателите и луѓето кои ги фотографирам. Тоа е мојата улога. Не сакам да им давам надеж дека ќе им го сменам животот ако ги фотографирам. Меѓутоа, во овој случај навистина дојде до тоа“, рекол Маси.
Наместо само да им даде пари, Маси размислувал и на кој друг начин може да им помогне за да ги извлече од сиромаштијата. Наместо трошната куќа во којашто живееле, им беше изградена куќа од цигли. Добиле и количка која му овозможува на Суреш, кој е глава на семејството, да пренесува и да продава зеленчук.
Пет деца тргнале во мали и приватни училишта, а Маси секоја година ги посетува за да види како напредуваат.
„Сакав да останам вклучен во нивните животи, да ги гледам како растат. Ова искуство влијаеше и врз мене. Сега гледам како луѓето се враќаат на нозе по лошата ситуација“, раскажал Маси.Кон крајот на август во 2009 година, Алекс Маси дошол со намера да го фотографира момчето Сачин Јатев, кој е парализиран и има деформитет на `рбето

Пронајдете не на следниве мрежи: