НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА! Сама патувала околу светот три години и има добра порака за вас!

Сара Маркус (44) од Швајцарија, тргнала сама на пат околу светот и се вратила во својата татковина по три години. Полна со приказни и доживувања…Откако се вратила дома, секојдневно го отвора фрижидерот и проверува дали има храна во него. Причина за тоа е тримесечното гладување, кое го претрпела во текот ан патувањето.
Сара напишала четири книги до сега, а во последната пишува како патувала сама три години, преживеала криумчарење со дрога, грозница, диви животни…
– Подготовките за ова патување траеа долго време, бидејќи сепак одев на патување околу светот. Кога тргнав, тоа беше тоа. Има нешто неверојатно што ве поврзува со природата и ништо друго не е важно – рекла Сара.
Таа истакнува дека првите три месеци се убедливо најтешки.
– Уште можете да ги слушнете гласовите на вашето семејство и пријателите во глава, размислувате за нив, ве боли што не сте со нив, се чувствувате осамено. Но, тогаш тие гласови исчезнуваат, престанувате да се чувствувате осамено. Наместо тоа, поблиски сте до природата – вели таа.
На нејзиното патување, дневно одела 30 километри и се среќавала со се и сешто.
– Се сеќавам еден ден, мојот шатор беше опколен со волци. Само сакаа да ми кажат дека сум на нивна територија – објаснува Сара.
Таа вели дека најтешкиот момент од нејзиното патување, било патувањето низ Азија, кога се соочила со грозница и напад на криумчарење со дрога.

– На тие патувања секогаш нешто ве изненадува. Но, тоа е она што ме движи. Јас сум истражувач. Ова патување ми помогна да ги испитам своите граници, но исто така мислам дека ова патување е многу важно за се – вели Сара.
Во текот на експедицијата, деновите на Сара и се разликувале во зависност од сезоната – станувала и одела на пат на изгрејсонце, а си легнувала да спие на зајдисонце.
– Секако Австралија ми е омилено место. Половина живот го поминав во шума, чувствувам дека го познавам секое животно. Уживав и во пустините, бидејќи ме изненадија снежните леопарди и поларните мечки. Беше магично – додала.
– Беше тешко да се вратиш дома, ми требаа три месеци да се приспособам. Чудна ми е водата од чешма, се ми е чудно, и кафулето кое се наоѓа на две минути од мојата зграда. Сакам да се вратам – истакнува таа.
Сара напишала и четири книги, а по ова патување, и било многу тешко да седи и да пишува за своите искуства.
– Мразам да седам, така што пишувањето тешко оди. Но, кога ќе го видам бројот на луѓе околу себе кои не се среќни, чувствувам потреба да ја споделам со нив мојата радост. Среќата е во малите нешта, мислам дека луѓето тоа не го знаат – заклучува таа.Откако се вратила дома, секојдневно го отвора фрижидерот и проверува дали има храна во него. Причина за тоа е тримесечното гладување, кое го претрп

Пронајдете не на следниве мрежи: