Александра Ејткен (34) е ќерка на некогашниот член на британскиот парламент Џонатан Ејткен. Го отфрлила богатиот луксузен живот и титулата ИТ девојка и се омажила за војникот Сиг, сега повторно е сингл, босонога лута по Панџаб и е главна тема на локалните и британските трачеви.Некогашната англиска трендсетерка, Александра својот сега поранешен сопруг го запознала во 2010 годинана јога сесија во Индија. Иако се развеле, останала одана на индиските верски обичаи.
Медиумите известуваат дека Александра, која сега се претставува како Утранг Каур Калса, се капела гола во светите базени на еден храм, што е незамисливо во една така конзервативна држава. По тој „бесрамен“ чин, била видена како лута по улиците, пазарите, храмовите сама и се однесува како „луда личност“. Поради тоа станала главна тема на озборување.
Баба Гурдев Синг, извршниот директор на „ Shaheedi Bagh Sikh” храмот дури ги замолил британските власти да ја вратат во Англија и да ја предадат на нејзиното семејство.
„Доколку некој лошо се однесува кон оваа девојка, Индија ќе стекне лоша репутација“, рекол тој.
А и има и такви кои се загрижени дека оваа жена е британски шпиун.
Нејзиниот татко минатиот викенд потврдил дека неговата ќерка повеќе не е во брак со Индерџот Синг. Се зборува дека тој ја оставил и од тогаш таа со скршено срце лута по градот и не може да закрепне од љубовното разочарување. Постои сомнеж и дека нивниот брак воопшто не бил легален.
Иако доживеала љубовно разочарување, страста на Александра кон новоусвоената религија останува непроменета. Затоа и останала во градот Анандпур Сахиб во кој предизвикала загриженост. Еден полицаец кој бил кај нејзе за да потполни формулар за регистрација на странци, вели дека во тој документ напишала дека не е мажена и го навела името на татко и како контакт во случај на нужда.
Последните неколку месеци, оваа жена, која учела на најдобрите британски училишта, живее во соба за која месечно плаќа 15 евра и во која има само кревет, тоалет и тв. Соседите ја опишуваат како мила, нежна и еколошки свесна. Ги прекорува сите кои преку ден го држат светлото вклучено или им тече вода од славините.
Пред да му се предаде на спиритауализмот во Индија, Александра правела диви журки, а на нејзината прослава на 22. Роденден врв на лудилото претставувале луѓе со низок раст кои на гостите им послужувале пијалок. Некогашната актерка сега на два блога пишува за предностите на носењето долги шалови „чуни“, кои се изработени од памук и објаснува дека се подобри од свилата бидејќи го „ладат и смируваат умот“.
Се занимава со хуманитарна работа, им помага на сиромашните и има визија за основање нови училишта, болници и центар за медитација.
Нејзиниот татко во 2013 открил дека кога дошла во посета одбила да спие во спалната соба и дека преноќила во градината. Тој сепак верува дека неговата ќерка е среќна и покрај сите трачеви кои ја следат во последно време.Некогашната англиска трендсетерка, Александра својот сега поранешен сопруг го запознала во 2010 годинана јога сесија во Индија. Иако се развеле, ос



