Неверојатна судбина на фотографија пронајдена во рушевините на Њујоршките „близначки“

По цели 13 години трагање, пронајдени се сопствениците на мистериозната фотографија од венчавка, која е пронајдена во рушевините на Светскиот трговски центар во Њујорк по нападот на 11 септември 2001 година. Елизабет Стрингер Киф секоја година на 11 септември на социјалните мрежи ја објавува оваа фотографија, надевајќи се дека сопствениците се живи и дека ќе се јават. Упорноста се исплатела, и конечно успеала да ги пронајде.Оваа жена во петокот на Твитер објавила дека пронашла една од личностите на сликата, и дека сите се живи и здрави.
„Внимание, прекрасен свету: Сите луѓе од фотографијата се живи и здрави и штотуку зборував со еден од нив“, напишала Киф на својот профил.
„Тоа е прекарасен, среќен момент забележан во моментот, а беше толку голем контраст во споредба со она што го видов на рушевините, кои и понатаму гореа кога стигнав. Бидејќи ова беше  поврзано со 11 септември, сакав да ја сочувам додека не ги најдам сопствениците. Толку убавина и среќа има на оваа слика, што едноставно чувствував обврска да ја завршам оваа задача“, објаснува таа.

Кога по сите тие години конечно добила порака од некој кој ги познава младенците, срцето и застанало.
„Ги познавам луѓето од фотографијата! Бев на свадбата“ и напишал Фред Мае, на чиј профил пишува дека е од Менхетен.
Среќна и горда Елизабет нешто подоцна објавила дека ги пронашла сопствениците и дека тие се живи.Оваа жена во петокот на Твитер објавила дека пронашла една од личностите на сликата, и дека сите се живи и здрави.
„Внимание, прекрас

Пронајдете не на следниве мрежи: