НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Од 120 дошла на 65 килограми!

Конер Ренш денес изгледа фантастично, а некогаш имала неверојатни 140 килограми. Ова е нејзината приказна за тоа како успеала да изгуби половина од својата тежина и тежи неверојатни 65 килограми!Кога имала 19 години, Конер Ренш достигнала телесна температура од 140 килограми. Луѓето со години ја понижувале и ја навредувале, а таа како во магичен круг, својата болка се обидувала да ја ублажи со прејадување.
Во еден момент одлучила да го промени својот животен стил и да престане да се крие зад вишокот килограми.
Имено, маките на оваа девојка со вишок килограми започнале уште додека била дете, а како тинејџерка своите проблеми ги решавала со храна. Од сите навреди кои ги трпела со години, таа вели дека најтешко ја поднела суровата анонимна порака во која пишувало дека најдобро би било да се убие бидејќи е грда и дебела.
И наместо како сите девојки, да се радува на купување нов фустан за матурската вечер, за Конер тоа бил незаборавен момент на понижување.
Кога видела фустан кој ѝ се допаднал, продавачката остро ѝ рекла дека во таа продавница сигурно нема да најде ништо во нејзината големина.
Кога ги достигнала неславните 140 килограми, Конер одлучила да направи нешто за себе: „Се погледнав во огледало и сфатив дека е време за промена.“

Оттогаш, оваа девојка целосно го променила својот животен стил и за две години успеала да ја преполови својата тежина.
Освен што се храни здраво, Конер ја открила својата омилена физичка активност, кик-боксот и вели дека во тоа е тајната на слабеењето – да ја пронајдете физичката активност во која уживате.
„Ако не сакате да одите во теретана или да трчате, размислете за тоа во што би уживале: јога, пилатес, танцови, бокс…“
Со оглед на тоа низ каква трансформација поминало нејзиното тело, Конер се фотографирала за магазинот „People”, за посебно издание посветено на слабеењето.
Сега, луѓето ширум светот ѝ пишуваат со молба да ги мотивира со своите совети за да се посветат на поздрав начин на живот.
Оваа девојка не ги крие стриите настанати како последица на слабеењето, туку ги истакнува и нагласува дека тие се доказ за нејзината борба против вишокот килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи: