НЕВЕРОЈАТНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: На Божиќ добил ново срце и син!

Триесетгодишниот Енди Тот од Колумбија, го доби најголемиот подарок за Божиќ: ново срце и синче!Имено, Тот минатата година се разболел од зголемување на срцето. По дијагнозата, неговата состојба почнала да се влошува. Како што вели и самиот, се чувствувал исцрпено, болницата му станала втор дом и само ги броел деновите до неговата смрт. Меѓутоа, веста која му ја сменила психолошката состојба во исклучително тешките и депресивни моменти е дека ќе стане татко.
„Двајцата бевме многу исплашени, а Енди не престануваше да зборува дека ќе биде тука за нас“, се присетува неговата сопруга Кристи.
По изненадувањето за приновата, тие отпатувале во Клиниката „Кливленд“ за да добијат дополнително мислење за болеста на Енди. Кардиологот Дејвид Тејлор донел заклучок дека на Енди итно му е потребно ново срце, за да преживее доволно долго да си го види синчето.
„Тие ми велеа дека Енди нема да издржи доволно долго за да го издржи пресадувањето“, рече Кристи.
Три дена по посетата на клиниката, Енди добил термин за трансплантација, која за чудо, била успешна.
„Добив здраво дете и ново срце. Минатата година не можев да поверувам дека ќе го доживеам овој ден, но сега сум тука со семејството. Заедно го прославивме Божиќ и навистина не можев да добијам подобар подарок“, рече Енди, кој сакаше со целиот свет да ја сподели својата приказна и неверојатното животно патување.
На новогодишната елка на семејството Тот, се најде и украс на кој пишува: „Подари живот (Donate life).“Имено, Тот минатата година се разболел од зголемување на срцето. По дијагнозата, неговата состојба почнала да се влошува. Како што вели и самиот, с

Пронајдете не на следниве мрежи: