Неверојатна животна приказна на Циндриќ: Денес е европски шампион, а пред четири години работел на паркинг

Хрватскиот поратл, „Јутарњи.хр“, открива интересна приказна за херојот на Вардар, Лука Циндриќ. Пред четири години, тој работел на паркинг, а денеска е на покривот на Европа, објави Спортмедиа.мк.Патот до покривот на Европа на Лука Циндриќ е различен од останатите ракометари. Хрватскиот портал „Јутарњи.хр“, открива детали од животот на херојот на Вардар. Пред четири години Циндриќ работел на паркинг, а сега е европски првак.
Репрезентативецот на Хрватска е роден во Огулин, првите чекори во ракометот ги има направено во Карловац, од каде на покана на Лино Червар дојде во Металург. Иако многумина не верувале во ова момче, пред се поради тоа што е премногу млад, сепак неговата упорност му донесе голем успех.
Циндриќ во Вардар дојде во 2015 година, а само по две сезони успеа да го подигне пехарот во Лигата на шампионите и да го реши дуелот со Барселона.
-Работеше на паркинг, потоа му се приклучи Борозан, но не можеше да работи бидејќи немаше дозвола. Играа заедно, за кратко време станаа страшен тандем, кој по четири години успеа да го освои златниот медал во Лигата на шампионите, објаснува Давор Златиќ.
Она што е доста интерeсно што Циндриќ имал предиспозиции за фудбалер, но тој сепак го одбрал ракометот. Причината поради која за кратко време успеал да стигне до Вардар и да напредува е неговата упорност.
-Секој тренинг беше 200 на час! Секогаш на глава. Многупати му викаме: Лука, немој баш секогаш да влегуваш’, но тој едноставно е таков. Во играта ’еден на еден’ секогаш беше доминантен, но тоа не беше неговиот адут. Циндриќ е опасен кога ќе му поставиш цел, задача и мислам дека Раул токму во таа смисла го извлече најдоброто од него. Често се гледаме кога доаѓа, зборуваме баш за тоа. Мислам дека во Келн тоа најдобро се виде, вели првиот тренер на Лука во Карловац, Дино Ѓанковиќ.
Инаку во мајсториите на Циндриќ скопската публика ќе ужива уште една сезона, тој на крајот на следната сезона заминува во Киелце, каде што оваа сезона заминува ДујшебаевПатот до покривот на Европа на Лука Циндриќ е различен од останатите ракометари. Хрватскиот портал „Јутарњи.хр“, открива детали од живо

Пронајдете не на следниве мрежи: