Неверојатна животна приказна: Некогаш слатка и убава девојка сега е како „животно во кафез“!

Оваа девојка била слатка и прекрасна, одлична ученичка, која тренирала пливање и уживала во излетите со своето семејство. Девојчето Ана Трикет од Велика Британија имала одличен живот исполнет со најразлични активности со пријателите и семејството. 
Но, за жал се се сменило откако таа станала третиот човек во Англија каде што и е дијагностицирана одредено нарушување по здравјето кое покажува дека не смее да види бел ден, бидејќи може да има напади опасни по живот. 
Ова мало 10 годишно девојче има живот како „животно во кафез“. Откако и е соопштена веста, таа одбива да јаде и да разговара, не сака да излезе од својата соба, да прошета низ куќата, а сето тоа започнало од инфекција на увото. 
Поголемиот дел од времето го поминува под покривката во својата соба и родителите навистина незнаат како да и помогнат. Ана девет месеци нема излезено од својата соба доброволно, а не видела ниту еден свој пријател.
Исто така, таа користи инвалидска количка бидејќи го убедила својот мозок дека не може да оди, а докторите велат дека нејзините моторни функции се одлични.  
На Ана и беше дијагностицирана оваа болест која напаѓа само неколку луѓе во светот.  
Нејзините родители, Скот Трикет (40) и Либи Брајант (49) за прв пат ја однеле ќерката  во болница во ноември минатата година, кога таа имаше вирусна инфекција на уво.
По тоа, наредните неколку недели нејзината личност се променила драстично. Светлината од својата соба ја блокирала со голема дебела завеса и од тогаш живее во мрак како „животно во кафез“. 
„Ова е страшно. Ана беше прекрасно и мило девојче, кое секојдневно си играше со децата од својата улица“, низ солзи раскажува мајката на Ана. 
Ана неколку пати имала и напади, каде што вресклала и удирала, а соседите повикале полиција бидејќи мислеле дека домашните ја злоупотребуваат. 
Состојбата на Ана се влошила во февруари оваа година и била примена во болница каде што шест недели поминала во изолација, и се хранела преку цевка. 
Сепак, по шест недели нејзините родители решија да ја однесат дома и да најдат решение за нејзиниот проблем. 
„Ни требаше долго време да прифатиме дека нашата малечка и слатка Ана боледува од ваква тешка и ретка болест. Таа е како животно во кафез, но ние нема да се откажеме и веруваме дека најдоброто допрва доаѓа. Девојчето Ана Трикет од Велика Британија имала одличен живот исполнет со најразлични активности со пријателите и семејството. 
Но, за

Пронајдете не на следниве мрежи: