Престој покрај море од 15 до 30 минути дневно, дури и во студено време, значително го подобрува здравјето на луѓетоОсвен морските специјалитети, пливањето и трчањето по песок, морето е лековито и само ако се седи на крајбрежјето и се следат брановите. Престојот на море дефинитивно е лековито, и тоа го потврдува и модерната наука. Доколку покрај море се поминува 15 до 30 минути дневно, дури и во студено време, таквиот престој значително го подобрува здравјето на луѓето.
Морски воздух
Специфичниот мирис на море го предизвикува диметил сулфат, кој доаѓа од морето. Доколку се надишете морски воздух, навечер подобро ќе спиете, бидејќи морскиот воздух е богат со негативни јони на кислород, поради што полесно се апсорбира кислородот (ова е посебно добро за оние кои ги мачи проблеми со дишните патишта). Негативните јони се борат против слободните радикали и ја подобрува рамнотежата на нивото на серотон -хормонот на среќа
Морска вода
Морската вода ублажува некои кожни болести. Солта и калум хлорид го подобруваат заздравувањето на оштетената кожа. Од Британското здружение на дерматолози објаснуваат дека морската вода може да го подобри повлекувањето на екземата поради антисептичките состојки. Добро дејствува и против воспалувањето на кожата како псоријазата. Но кожата може да се подобри и поради други фактори како опуштањето и промената на клима и храна кои одат заедно со морето.
Ги ублажува болестите на дишните патишта – Морската вода е добар лек и за синуси, алергии и настинка. Дејствува како антихистаминик и ги отвора дишните патишта. Солената вода помага кај надразнетата слузница на носот и шмркањето, при алергиска реакција и настинка, или ги ублажува болестите на дишните патишта. Малку чиста морска вода се зема со дланките и се доближува до носот со наведнување на главата на страна. Длабоко треба да се вдише и да се шмркне од водата во едната ноздра, а потоа и во другата. Солта од водата пече, но и ја дезинфенцира носната шуплина.
Секрет
Жените кои боледуваат од воспалувања и имаат зголемен вагинален секрет, се препорачува испирање со морска вода. Најдобро е капење далеку од јавните плажи и каде што нема многу капачи и каде што морето е најчисто.
Проширени вени
Да се влезе во вода до половина колкови и да се оди во плиткото половина час, најмалку два пати дневно. Масажата до која доаѓа при движењето и дејството на водата ги затега и ги зајакнува вените.
Артроза и ревма
Кадата да се наполни со топла вода во која се става два килограми морска сол или помала количина на сол од Мртво Море. По престојот во када (оптимално 20 минути) да се легне во кревет и да се отспие. Топлата солена вода е одлична терапија за болните зглобови.
Рехабилитација
Поради поголемата специфична тежина, морската вода овозможува полесно одење, па движењата по скршеници на коските или кај болести на мускулите и зглобовите се безболни и полесни, а ефектите на рехабилитацијата се поголеми.
Балсам за кожата
Морето е поздраво и од кој било фитнес-центар на светот. Без сомневање морето е извор на здравје, убавина и кондиција. Позитивното влијание на морето врз кожата на телото е видливо уште по првото капење, со што таа станува помека, нежна и напната. Благодарејќи на состојките, морската вода е висококалоричен и добар балзам за кожата, телото и лицето. Нејзините основни состојки се солта, алгите и планктоните, богатството од различни минерали, витамини, елементи во трагови, па протеини, масти, силикати и аминокиселини
Убавина и кондиција
Морскиот коктел на убавина кој содржи многу минерали и елементи во трагови, натриум, калиум, јод, бром, калциум, магнезиум, манган, фосфор и селен, навлегува во кожата, ја подобрува циркулацијата во нејзините подлабоки слоеви и ги зајакнува сврзните ткива. Затоа насред капење во морската вода кожата видно се зацврстува и таа станува посјајна и напната, како и влажна, нежна и здрава. Добро дејствува и против воспалувањата на кожата, како псоријаза. Ги чисти и акните и помага кај дерматози, бидејќи комбинацијата од морска вода и солен воздух е антибактериски мелем, кои помага при зараснување рани.
Морската вода благодарејќи превенствено на алгите кои содржат витамини А,Б, Ц и Е, има и докажан ефект против стареење, и дејствува и на превентивата и во борбата против знаците на стареење на кожата. На пример морето ја поттикнува продукцијата на клетките на кожата и создавањето на колагенот, ги неутрализира слободните радикали, но штити и од штетните влијанија на сончевите зраци. Морската вода поволно дејствува на сите типови кожа, ја чисти масната и ја смирува осетливата кожа склона кон црвенило. Таа го зајакнува одбранбениот механизам на кожата и ја поттикнува размената на материи, што на пример се гледа и во видливото намалување на целулитот. Поради содржината на сол во концентрација 35 грама на литар, морската вода ја олеснува осмозата – размената на материи на водата насобрана под кожата и го забрзува ослободувањето на течноста и целулитот.
Јодот исто така е еден од елементите во морската вода кој е неопходен во организмот заради производство на двата хормони на штитната жлезда. Морската риба и другите морски животни се извонреден извор на јод, а најмногу го има во морските алги.
Освен што поволно дејствува на убавината и здравјето на кожата, морето е како создадено за подигнување и одржување на телесната кондиција. Физичките активности во вода се повеќе делотворни од оние на суво. Потрошувачката на калории е многу поголема, зглобовите и карлицата не се оптоварени, се зајакнува имунитетот и крвотокот, а водата има и додатен ефект на масажа. На пример со водениот џогинг, трчањето во вода до колкови, за половина час ќе се потрошат околу 400 килокалории, а на суво само околу 250 килокалории . Со физичка активност во морето како на пример пливање се подигнува телесната кондиција, посебно силата и издржливоста, но и се зајакнуваат, оформуваат и зацврстуваат и сите мускули на телото, посебно на нозете, грбот, градниот кош и рацете. Пливањето на грбот силно дејствува на карлицата. Пливањето е и посебен начин на трошење на калориите, за 10 минути се трошат 100 килокалории.
Ако на тоа се додаде влијанието на морето на размената на материите, како и ефектот на масажата, морето дејствува и на намалување на масните наслаги и целулутот, а со тоа и на слабеењето. Исто така, физичката активност во морето позитивно дејствуваа и на крвотокот и дишењето. Многу придонесува и за јакнење на имунолошкиот систем, помага при болки во грбот, зглобовите, ја ублажува ревмата и при опуштање од стрес.
Морето дава и релаксирачко дејство. Антистрес-факторот на морето и многу изразен. Морето не само што дејствува опуштајќи ги мускулите од стрес, туку само по себе има и влијание на психата на човекот, па и самиот поглед на морската ширина е доволен да го преплави човекот со позитивна енергија, животна радост и задоволство, со што на момент се заборава на секојдневните проблеми. Со тоа воздухот над морската површина кој е посебно богат со кислород, исто така ги релаксира луѓето и ги прави задоволни.
Што содржи морската вода
Морската вода е мешавина на минерали и хемиски елементи. Натриум, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо- минерали кои се наоѓаат во човековата крв, а кои се неопходни за функционирање на секоја клетка, се концентрирани во морската вода. Поради тоа, таа освежува, ги јакне мускулите, ја стимулира работата на срцето и циркулацијата. Аеросолта која ја создава морскиот ветар дејствуваа поттикнувачки на нервните завршетоци во кожата и помага при намалување на отоците, а корисно дејствува и на горните дишни патишта.Освен морските специјалитети, пливањето и трчањето по песок, морето е лековито и само ако се седи на крајбрежјето и се следат брановите. Престојот



