Неверството е можеби единствената работа за која и мажите и жените се согласуваат дека е непростлива. Емоционалните последици се толку силни, што често пати оние кои го преживеале сакаат вечно да останат сами.Ова се само дел од приказните кои се случуваат низ светот:
1. „Сакав да му испланирам роденденска забава на своето момче, со кое инаку се расправав преку 1 година. Го прашав неговиот пријател дали ќе ми помогне во планирањето, а тој чудно ме погледна и ми рече: „Да, ќе ти помогнам, но мислам дека тој има други планови со својата девојка. Само стоев и го гледав, на што додаде: „Извини, мислев дека сте раскинале затоа што веќе има нова девојка.“
2. „Работам во Дизниленд, па моето долгогодишно момче ме праша дали можам да му дадам влезници за да ја однесе сестра му за роденден. Излезе дека не била сестра му, туку друга девојка во прашање… Погодете кој ме виде и побегна додека јас бев на смена?“
3. „Бевме заедно уште од средно, но заради факултетот се одвоивме во посебни градови. Еднаш кога дојде да ме посети за викенд, случајно го заборави Фејсбукот вклучен. Тогаш налетав на експлицитните пораки од една девојка. „Кога ќе раскинеш со неа?“ и „Синоќа беше совршено љубов!“ беа само дел од пораките. Немав храброст да ги дочитам оние малку посексуалните.“
4. „Уште кога бев бруцош на факултет, ненадејно дечкото ме остави. Не разбирав зошто. 10 Години подоцна, уште сме пријатели на Фејсбук и комуницираме без никакви задни намери. Сега скоро прикачи видео од 2003-та година (кога бевме заедно) на кое се бакнува со друга девојка. Конечно си го добив објаснувањето.“
5. „Нема да верувате, но неговата мајка „случајно“ ми кажа дека тој е оженет и има дете…“
6. „Бевме заедно 5 години и штотуку верени. Кога конечно стигнав дома после 16 часа работа, го најдов на трпезариската маса седнат спроти мојата пријателка. Таа беше трудна, со негово дете. Се обидуваа да објаснат како тоа била една „несреќна случајност.“ Тоа беше интересна и долга ноќ…“
7. „Неговата „друга“ девојка ми се јави во 3 часот по полноќ да ми пее песна од Pussycat Dolls. Верувале или не, звучеше многу полошо од нив…“
8. „Со мојот сопруг лежевме на троседот. Правевме 7 месеци по венчавката. Некој број му прати порака со содржина дали е слободен вечерва. Го гуглав бројот на телефон и тој ме одведе до сајт за проститутки. Кога ги проверив и останатите повици, наидов на 10-тина различни имиња од проститутки. Разводот е конечен од минатата недела.“Ова се само дел од приказните кои се случуваат низ светот:
1. „Сакав да му испланирам роденденска забава на своето момче, со кое инак