Неверојатни породи – премиерно на TLC!

Дознајте од прва рака со што сè се среќаваат акушерите, медицинските сестри и неонатолозите во најголемите породилни одделенија во САД.Тие ќе ни ги изнесат нивните доживувања со бизарните, а не така ретко и забавни медицински случаи, поврзани со бременоста, болките и породувањето. Вистински приказни за породи за време на урагани, војници кои од Авганистан ги храбрат своите сопруги додека го донесуваат нивното дете на свет, жена која се пораѓа во автомобил после сообраќајна несреќа како и породи во маркети и на театарски сцени.
Серијалот претставува различни и ризични предвремени породи во кои присебноста на родителите и медицинскиот персонал на теренот се клучни за животот на новороденчето и мајката.
Првата епизода може да ја проследите веќе во недела во 21 часот на TLC каналот.Тие ќе ни ги изнесат нивните доживувања со бизарните, а не така ретко и забавни медицински случаи, поврзани со бременоста, болките и породувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: