НЕВЕРОЈАТНИ ПРИЗНАНИЈА НА ПИЛОТИТЕ: На небото се случуваат нешта кои никогаш нема да ги дознаеме!

Луѓето што патуваат со авион, целосно им веруваат на пилотите и авиокомпаниите со кои одлучуваат да патуваат во некоја друга земја. Во последно време сведочиме на неколку тешки авионски несреќи, кои допринесоа да се разниша довербата на патниците во авиопревозниците.Но, додека ние спиеме во авионот, на небото се случуваат нешта за кои никогаш ништо нема да дознаеме. Такви се ситуациите во една дискусија на Редит, од која на обичните луѓе веднаш им се згрчува желудникот. Тука може да се најдат и сведоштва на пилоти кои буквално секунди ги делеле од катастрофа, а патниците воопшто не ни знаеле за тоа.
Така, на еден пилот за малку ќе му се случел судир на писта – само што ја достигнал идеалната брзина за полетување, преку пистата почнал да му преминува друг авион. Неговата брзина била преголема за да закочи, па морал авионот порано да го крене во воздух. Неговите патници не забележале ништо.
Друг пилот опишал како во една прилика му откажале каналите за контрола на притисокот, поради што дошло до ненадеен пад на воздухот во кабината и постоела опасност и тој самиот да изгуби свест. На тие висини, човек без доволно количество на кислород тоне во сон за 30 секунди. Пилотот сепак успеал да го префрли регулаторот на рачно управување. Патниците почувствувале дека ушите одеднаш им биле затнати, но не сфатиле во каква опасност се наоѓале.
Еден контролор на воздушниот сообраќај открил како изгубил врска со пилотот, што и не е толку ретка ситуација. Но, оваа се случила во најлош момент – кога пилотот не знаејќи летал на погрешна висина, на која летал друг авион, а на неговата патека се наоѓале уште десет авиони.
„Морав секој поединечно да ги преместувам за да не дојде до судир со авионот со кој го изгубивме контактот“ – напишал извесен Н.
На форумот се јавил и син на еден пилот, кој во пензија отишол со 36.000 часови летање, но при крајот на кариерата доживеал ситуација од која се добива нервен слом.
Полетувајќи од Орландо кон Бостон, забележал дека во кокпитот е ужасно жешко. Морал да слета во Џексонвил, но проблемот бил во тоа што контролната плоча до толку се прегреала, што не можел ништо да допре. Пилотот и копилотот морале да искинат делови од облеката и со нив ги обложиле рацете за да можат да управуваат со авионот и да го приземјат, пишува News.com.au.Но, додека ние спиеме во авионот, на небото се случуваат нешта за кои никогаш ништо нема да дознаеме. Такви се ситуациите во една дискусија на Реди

Пронајдете не на следниве мрежи: