НЕВЕРОЈАТНО: Човек мислел дека нешто го каснало, но му израснал рог!

„Добив нов живот. Со години стравував од можни компликации, но сега е готово. Животот со рогот е минато“ – изјавил Новосаѓанецот Л. С. (46) за српски Блиц. Пред неколку дена, д-р Новак Вукоје успешно му отстранил рог со должина од 11 центиметри!Србинот на вратот имал израсток што личи на рог, со должина од 11 центиметри и дебелина од 2,5 центиметри.
„Сме виделе рогови на чело и имаме слушнато за нив. Но, рог на вратот е реткост во медицината. Толку беше голем, што може да влезе во Гинисовата книга на рекорди“ – објасни д-р Вукоје Новак.
Овој Србин живеел со рогот две години. На почетокот тоа бил мал израсток, па убедувајќи се себеси дека нешто го каснало, не посетил доктор. Бидејќи не можел да живее нормално, израстокот го прикривал со шал и марами.
Иако вадењето на рогот била ризична интервенција, неговата операција завршила успешно.
„Ова сигурно е случај за Гинисовата книга на рекорди. Тоа е најголемиот човечки рог којшто некогаш е виден. Сѐ уште сум во шок, тоа е нешто невидено во историјата на медицината. Операција беше ризична, никогаш не сум се сретнал со вакво нешто во кариерата. Беше ризично, но успеавме. Го ослободив овој човек од голем товар и стравот за животот што го влечеше со години“ – изјавил д-р Новак.
Докторот додал дека овој рог бил ист како и кај животните, со иста цврстина и облик. Оваа несекојдневна операција е правена под локална анестезија и траела половина час.
Фото: Блиц.рсСрбинот на вратот имал израсток што личи на рог, со должина од 11 центиметри и дебелина од 2,5 центиметри.
„Сме виделе рогови на чело

Пронајдете не на следниве мрежи: