Неверојатно: Др. Хаус реши еден вистински здравствен проблем!

Еден 55 годишен германски пациент цела година имал забележливи симптоими кои со текот на времето се влошувале, а докторите никако не успеале да ја откријат причината за тоа.Срцето започнало да му откажува, видот и слухот му се влошиле, а исто така пател и од желудечен рефлукс, висока темтература и отечени лимфни жлезди.
Идејата за причината за проблемот се појавила благодарејќи на една од епизодите на популарната телевизиска серија „Хаус”, во која генијалниот доктор и циник Гергори Хаус поставува дијагнози за нерешливите случаи.
Еден од германските лекари кој го примил пациентот упатен во Марбуршкиот центар за недијагностицирани болести во мај 2012 година се сетил на епизодата во која тимот на Доктор Хаус се сомневаше на труење со кобалт.
Сомнежот се потврдил и во вистинскиот живот и откриено било дека причина за проблемот е истрошениот вештачки колк кој бил заменет со керамички.

„Набргу по замената на колкот концентрацијата на кобалт и хром во крвта почна да се намалува и здравствената состојба на пациентот се стабилизираше”, се наведува во приказот на случајот.
Година дена по замената на дотраениот вештачки колк работата на срцето се подобрила за 40 отсто, немало повеќе температура, како ни желудечен рефлукс. Видот и слухот на пациентот делумно се поправиле бидејќи оштетувањето со кобалт било претешко.
Водителот на тимот Јирген Шафер вели дека епизодата од „Хаус” со труењето со кобалт била од помош бидејќи заради неа бил свесен за проблемите од тој метал, но истакнува и дека биле користени и други дијагностички методи.
Серијата „Др. Хаус” е работена според вистински медицински случаи Шафер ја користи во предавањата за да им го сврти вниманието на студентите по медицина на ретките или необични болести. Срцето започнало да му откажува, видот и слухот му се влошиле, а исто така пател и од желудечен рефлукс, висока темтература и отечени лимфни жлезди

Пронајдете не на следниве мрежи: