Парот кој минал преку четири неуспешни “ин витро” обиди да имаат дете, конечно успеале со помош на сурогат мајка. Сенди и Филип Палмисано добиле близнаци благодарение на Андреа Ривас, која и самата има близнаци кои ги добилa со „ин витро”Патот беше многу тежок, но радоста која Андреа и нејзиниот сопруг Марк ја внесоа во нашиот животот, не може да се опише со зборови, изјавила Сенди мајка која неможела да има деца.
Паровите Палмисано и Ривас се запознале во центарот за лекување на неплодност во 2010 година. Додека семејството Ривас успеале со тоа што Андреа останала бремена, парот Палмисано за жал не успеале, односно Синди не можела да остане бремена. Лекарите им рекле дека им е потребна сурогат мајка, бидејќи во спротивно не може да имаат деца.
Во разговор, Сенди и ги споменала резултатите на Андреја, а таа иако била во осмиот месец од бременоста, се понудила да го направи тоа за нив.
– И покрај тоа што носев свои близнаци и не разговарав со сопругот за тоа, решив тоа да го сторам за нив. Сите бевме шокирани од зборови кои излегоа од мојата уста, но јас искрено сакав да им помогнам, изјавила Андреа.
Андреа ги родила своите близнаците на 1 февруари 2012 година.
Потоа се подложила на оплодување, кое успеало по трет пат. Тогаш носела близнаци за пријателите Пламисано. Сите биле многу возбудени кога овие посакувани близнаци се родиле на 4 февруари оваа година.
Беше прекрасно додека Сенди беше до мене додека се пораѓав. Тоа чувство кога ги видов своите близнаци не може да се опише со зборови, изјавила Андреа.
Двете двојки уживаат во одгледувањето на децата и редовно се гледаат и разменуваат совети.
– Имаме прекрасен однос. Јас ја сакам како сестра. Ова искуство нас многу не зближи. Беше тоа долг пат, а сега сме пријатели за цел живот, функционираме како едно семејство а вакво семејство им посакувам на сите,, изјавила Сенди. Патот беше многу тежок, но радоста која Андреа и нејзиниот сопруг Марк ја внесоа во нашиот животот, не може да се опише со зборови, изјавила Сенди



